Хоџово

Координати: 41°23.43′N 23°24.59′E / 41.39050° СГШ; 23.40983° ИГД / 41.39050; 23.40983
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хоџово
Άνω Καρυδιά
Хоџово is located in Грција
Хоџово
Хоџово
Местоположба во областа
Хоџово во рамките на Синтика (општина)
Хоџово
Местоположба на Хоџово во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°23.43′N 23°24.59′E / 41.39050° СГШ; 23.40983° ИГД / 41.39050; 23.40983
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаСенгелово
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Хоџово или Хоџов Чифлик (грчки: Άνω Καρυδιά, Ано Каридија; до 1927 г. Χότζιοβο, Хоѕјово[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на 37 км северно од Сер и на 22 км северно од Валовишта. Лежело во Светиврачко-петричката Котлина во северното подножје на Сенгелска Планина. Сместено е на границата со Пиринска Македонија, на десниот брег на реката Батак Дере.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Хоџово било македонско село во Демирхисарската каз а на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хоџово (Hodjovo) било село со 40 домаќинства на 140 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Хоџа Чифлик, на един сенгелски ага, на Ј од Сенгелово 1 час. 25 куќи македонски...[5] Во двата овие чифлика[6] почвата е блатеста, погоцна за разработка на многу оризарници.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хоџов Чифлик живееле 150 Македонци.[3][8]

Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарска егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хоџа Чифлик (Hodja-Tchiflik) имало 280 Македонцим, сите егзархисти.[3][9]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 222 жители, а во 1920 г. во селото се попишани 208 лица.[2] Во 1920-тите целото население на селото се преселило во новооснованото Ново Хоџово преку границата во Пиринска Македонија, на неполн километар од Хоџово. На негово место власта довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Каридија. На пописот од 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 126 жители (38 семејства).[10]

Во 1940 г. Хоџово населението се накачило на 172 лица. Во 1941 г. жителите го напуштиле селото поради бугарската окупација, така што таа година Хоџово е заведено како напуштено.[2] По војната селото не е обновено од стратешки причини поради неговата гранична местоположба.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 211. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 138–139. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Хоџово и Вранково.
  7. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 855.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  10. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 560. ISBN 954-9800-52-0.