Прејди на содржината

Валовишка Бања

Координати: 41°17′N 23°20′E / 41.283° СГШ; 23.333° ИГД / 41.283; 23.333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Валовишка Бања
Λουτρά
Валовишка Бања is located in Грција
Валовишка Бања
Валовишка Бања
Местоположба во областа
Валовишка Бања во рамките на Синтика (општина)
Валовишка Бања
Местоположба на Валовишка Бања во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°17′N 23°20′E / 41.283° СГШ; 23.333° ИГД / 41.283; 23.333
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Валовишка Бања (грчки: Λουτρά, Лутра или Λουτρά Σιδηροκάστρου, Лутра Сидирокастру) — село и бања во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Во летниот период се користи како рекреативен центар.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Бањите се наоѓаат на 10 км северозападно од градот Валовишта, на почетокот на Рупелската Клисура, на надморска височина од 140 м. Крај нив минува патот кој води од Валовишта за Горна Џумаја и Софија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 3 25 0 1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Герман, Елешница, Инанли и Пулево.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 188.