Чаир Маала

Координати: 41°14.25′N 23°2.56′E / 41.23750° СГШ; 23.04267° ИГД / 41.23750; 23.04267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Чаир Маала
Καλαμιές
Чаир Маала is located in Грција
Чаир Маала
Чаир Маала
Местоположба во областа
Чаир Маала во рамките на Синтика (општина)
Чаир Маала
Местоположба на Чаир Маала во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°14.25′N 23°2.56′E / 41.23750° СГШ; 23.04267° ИГД / 41.23750; 23.04267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Чаир Маала (грчки: Καλαμιές, Каламиес; до 1923 г. Τσαΐρ Μαχαλέ, Цаир Махале[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено со Турци.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на север од Дели Хасан и на запад од Џума Маала.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во XIX век Чаир Маала било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаир (Tchaïr) е било село со 50 домаќинства на 128 муслимани.[3]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Чаир Маала, на И од Старошово 12 час, турско село сo 40 куќи.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чаир Маало живееле 200 Турци и 50 Роми.[5]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 224 жители, а во 1920 г. во него е попишан само 51 жител.[2] Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Чаир Маала е претставено како чисто дојденско село со 58 лица (16 семејства).[6]

Селото е напуштено некаде по 1935 г. поради немање услови за живот. Жителите се преселие во Џума Маала.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 212. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 851.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012