Прејди на содржината

Елешница (Валовишко)

Координати: 41°16.14′N 23°27.7′E / 41.26900° СГШ; 23.4617° ИГД / 41.26900; 23.4617
Од Википедија — слободната енциклопедија
Елешница
Φαιά Πέτρα
Елешница is located in Грција
Елешница
Елешница
Местоположба во областа
Елешница во рамките на Синтика (општина)
Елешница
Местоположба на Елешница во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°16.14′N 23°27.7′E / 41.26900° СГШ; 23.4617° ИГД / 41.26900; 23.4617
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000280000000280 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно142
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Елешница (грчки: Φαιά Πέτρα, Феја Петра, до 1927 г. Ελέσνιτσα, Елесница[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со исклучиво со Македонци, кои и денес се апсолутно мнозинство.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во историско-географската област Мрвачко, сместено во северните пазуви на на планината Шарлија по долината на реката Белица. Лежи на 13 км североисточно од Валовишта. Кај селото е манастирот „Св. Јован Златоуст“.[4][5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Средновековие

[уреди | уреди извор]

На 0,5 км југоисточно од селото се наоѓа средновековната Елешничка тврдина.[6] Друга тврдина наречена Хисар (Исаро), на рид обраснат со прнар,[7] е 3 км на север-северозапад од селото.[8]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во османлискиот воопштен дефтер на немуслиманското население на Тимурхисарскиот вилает од 1616-17 г. селото е води како вакафско, под името Лешниче со 85 даночно обврзани сомаќинства.[9]

Во XIX век Елешница била типично македонско мрвачко село во Демирхисарската кааза на Серскиот санџак. Селото било еден од центрите на железната индустрија во областа Мрвачко. Тука не се промивала руда, но имало еден самоков кој постоел до средината на XIX век. Ако се суди по името на месноста Писцата кај реката Белица северно од селото, вероятно тук е добивано и желязо.[10]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Елешница (Eleschnitsa) била село во Демирхисарската каза со 67 домаќинства на 230 жители Македонци.[11]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:

Елешница, на И. од Валовища, на левиот брег на Белица, крај пазувите на Бродска Планина. Од Валовишта до Елешница 112 час пат, стрмен и особено каменлив од Дервентот натаму. Земјоделци сточари. Прочуени цреши. Една црква во која се служи на бугарски. 45 куќи Македонци.[12][13]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Елешница (Лешница) броело 340 жители, сите Македонци-христијани.[11][14]

Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Елешница имала 464 жители Македонци, сите егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 25 ученици.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Академикот Антон Попстоилов го посетил селото во 1916 г. и забележал:

Во Елешница грчкиот владика не успеал да ги избрише словенските натписи на иконите на црквата, но бугарските книги во куќите биле собрани и изгорени на сретсело.[16]

Во 1918 г. селото броело 80 куќи со над 500 жители. Истата година, како и во 1925 г. дел од населението било приморано да се исели во Бугарија заради грчкото угнетување. Наследници на бегалците од Елешница денес живеат во Свети Врач (Сандански), Мелник и околината.[10]

На местото на иселените Македонци се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е преставено како мештанско-дојденско со 279 жители,[3] од кои 35 лица (10 семејства) биле грчки дојденци.[17] Така, Македонците сепак останале огромно мнозинство во селото.[3]

Во 1927 г. селото применувано во Феја Петра.[18]

За време на Граѓанската војна селото е разрушено, а потоа обновено понајуг во местноста Масларка.[10] Населението се вратило во текот на 1950-тите. Бројот на жители подоцна почнал да опаѓа поради преселување во поголемите градови.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 325 0 323 183 174 160 166 92
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 194. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. „Φαιά Πέτρα. Μονή Αγίων Χρυσοστόμου, Στεφάνου και Όλγας“. Φλόγα - Κυρίου. 22 септември 2010. Посетено на 21 март 2020.
  5. „Ιερά Μητρόπολη Σιδηροκάστρου“. Εκκλησία της Ελλάδος. Архивирано од изворникот на 2022-05-13. Посетено на 21 март 2020.
  6. „Οχύρωση Φαιάς Πέτρας“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 28 јануари 2024.
  7. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 128.
  8. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  9. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 227.
  10. 10,0 10,1 10,2 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 25.
  11. 11,0 11,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  12. Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
  13. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 852–853.
  14. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  15. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  16. Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 311.
  17. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  18. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012