Мрсна
Мрсна Γόνιμο | |
---|---|
Координати: 41°14.20′N 23°15.11′E / 41.23667° СГШ; 23.25183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Сер |
Општина | Синтика |
Надм. вис. | 35 м |
Население (2001)[1] | |
• Општ. един. | 455 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | ΕΡ |
Мрсна (грчки: Γόνιμο, Гонимо, до 1927 Μρίσνα, Мрисна[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во рамките на општината Синтика, Грција. Населението брои 455 жители (2011).
Познато е како родно место на истакнатиот македонски глумец Ристо Шишков (1940-1986).
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено северозападно од градот Сер и 15 км западно од Валовишта (Сидирокастро) во Серското Поле, на десниот брег на реката Струма. На растојание од 3 км од другата страна на реката е селото Хаџи Бејлик, а на 7 км е Ветрен. Лежи на надморска височина од 35 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско време
[уреди | уреди извор]Во XIX век Мрсна е чифлиг во Серската каза. Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мрсла (Mrsla) има 25 домаќинства кои се состојат од 80 Македонци.[4]
В 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Мрсна е помалку од 1⁄2 час на исток од Голема Маала. Чифлиг на Исмаил-бег од Сер. Има иста земја со околните села. 70 македонски[5] и 20 ромски куќи... Рамницата на која се сместени горните четири села[6] се нарекува Прокопанско Поле и е една од најплодните. Струма обилно го пои и често дури си го менува коритото. На југ е орманот [шумата], густ со многувековни врби и тињести блата, па така климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во орманаот има многу диви свињи, јазовец, шакали; по краиштата се одгледуваат и питоми свињи.[7]
Помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархија[8]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Марсна Маала живеат 420 Македонци[5] и 120 Роми.[9] Според статистиката на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мрсена се состои од 480 Македонци.[5][10]
Припојување кон Грција
[уреди | уреди извор]По Втората балканска војна 1913 г. Мрсна влегува во состав на Грција. По Грчко-турската војна во селото се доселени Грци-бегалци, па така пописот од 1928 г. го прикажува населението како мешано староседелско (македонско) и бегалско (грчко) население, со 34 доселенички семејства со вкупно 178 луѓе.[11]
Во 1927 г. селото е преименувано во Гонимо, со значење „плодно“.[12]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 885 | 778 | 962 | 810 | 725 | 805 | 605 | 455 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Петрич со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мрсна, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Ристо Шишков (1940-1986) — прочуен глумец
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μρίσνα -- Γόνιμον
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 202.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Пурлида, Мрсна, Голема Маала и Бахтијар.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 849.
- ↑ Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 177
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Авиоснимки од Мрсна Архивирано на 1 јануари 2014 г.
|