Ќулахли (Серско)
Ќулахли Κορυφούδι | |
---|---|
Координати: 41°10.51′N 23°6.27′E / 41.17517° СГШ; 23.10450° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 24 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 22 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
ќулахли или Ќулехли (грчки: Κορυφούδι, Корифуди; до 1927 г. Κιουλιχλή, Ќулихли[2][3]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[4]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на западниот брег на Бутковското Езеро, јужно од Бутково. Југоисточно над селото се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“.[5]
Селото се делело на Горно и Долно Ќулахли, кои во извесен период се попишувале одделно.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX и почетокот на XX век Ќулахли било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кулахлии (Kulahlii) било село со 19 домаќинства сочинети од 42 жители муслимани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото Ќулакли броело 80 жители, сите Турци.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Ќулахли е попишано со 163, а Долно со 85 жители. Во 1920 г. маалата се попишани заедно со 166 лица[4] и веќе не се сметаат за одделни. Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, во 1928 г. Ќулахли е претставено како чисто дојденско попишан 101 жител (30 семејства).[8]
Во 1940 г. во селото живееле 88 лица. Според Тодор Симовски, селото е напуштено во Втората светска војна, и тој смета дека селаните најверојатно се преселиле во Бутково.[4] Судсјќи по статистиките, селото веројатно е обновено во 1990-тите, така што во 2001 г. веќе се води како постоечко со 49 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 88 | — | — | — | — | — | 49 | 23 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 191, 193. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ „Ἱερὰ Μητρόπολις Σιδηροκάστρου“. Οἰκουμενικόν Πατριαρχεῖον. Посетено на 21 март 2020.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
|