Герман (Валовишко)

Координати: 41°16′N 23°25′E / 41.267° СГШ; 23.417° ИГД / 41.267; 23.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Герман
Σχιστόλιθος
Герман is located in Грција
Герман
Герман
Местоположба во областа
Герман во рамките на Синтика (општина)
Герман
Местоположба на Герман во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°16′N 23°25′E / 41.267° СГШ; 23.417° ИГД / 41.267; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно26
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Герман (грчки: Σχιστόλιθος, Схистолитос; до 1927 г. Γέρμανι, Германи[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 154 жители (2011). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е најзападно во областа Мрвачко, сместено во долината на реката Белица, на 4 км североисточно од градот Валовишта, на надморска височина од 250 м.[3] Во селскиот атар се наоѓаат бројни пештери.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од втората поливина на XV - почетокот на XVI век селото е наведено под денешното името Герман со 70 глави на семејства.[4]

Населението на селото го носи името „Мрваци“ и традиционално се занимаваат со рударство. На брегот на реката Белица, источно од селото работел еден самоков. Во минатото исто така имало и преработка на железо, за што сведочи месноста Мадането.[5]

Во XIX век Герман било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Герман (Guërman) имало 85 домаќинства и 300 жители Македонци.[6][7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Герман, на растојание од 14 час на североисток кон Валовишта. Планинско место; неколку градини од овошја и ниви по Белица. Во црквата и училиштето се чита мешано; има до 40 ученици. 60 македонски куќи.[8]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Герман имало 590 жители, сите Македонци.[6][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Герман имало 600 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија и 40 Македонци под врховенство на Цариградската патријаршија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 16 ученици.[6][10]

Во Првата балканска војна, 12 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Поради Втората балканска војна, таа година селото броело само 19 жители, но во 1916 г. се врати 30-тина семејства.[3] Според Јордан Иванов, во 1918 г. во Герман имало 150 куќи со околу 1.000 жители[5], но овој број е најверојатно преувеличен, бидејќи во пописот од 1920 г. селото броело 135 лица.[3]

Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, дел од населението (161 Македонец) принудно било иселено во внатрешноста на Бугарија и Пиринска Македонија (во Петрич, Мелник, Свети Врач и други градови[12]), а на нивно место се населиле 29 бегалски семејства (вкупно 131 бегалец), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Схистолитос (Σχιστόλιθος).[2]

Кон крајот на април 1941 година, селото е окупирано од бугарски единици, но жителите го напуштиле плашејќи се од репресалии, така што во него завеле 2 житела.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението одгледува компири, жито, памук и други земјоделски производи.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 177 101 143 79 34 26 18 26
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Елешница, Инанли и Герман.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Герман

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 29 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 189–190.
  4. .Гандев, Христо. "Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване", Наука и Изкуство, II изд., София, 1989
  5. 5,0 5,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 24.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 852.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 837. ISBN 954-9800-52-0.
  12. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 25.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 620. ISBN 954-9800-52-0.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 47. ISBN 954-9800-52-0.
  15. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 278. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 364. ISBN 954-9800-52-0.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 157. Вероятно идентичен с Кочо Георгиев. ISBN 954-9800-52-0.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 159. ISBN 954-9800-52-0.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 163. ISBN 954-9800-52-0.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 120. ISBN 954-9800-52-0.
  21. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 301. ISBN 954-9800-52-0.
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 367. ISBN 954-9800-52-0.
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 633. ISBN 954-9800-52-0.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 72. ISBN 954-9800-52-0.