Мрваци
Мрваци — македонска етнографска група што ги населува Серско, Валовишко (Демирхисарско) во Егејска Македонија и Неврокопско во Егејска и Пиринска Македонија.[1]
Етнонимот произлегува од поимот мрва[2], што значи ситно парченце јагленова пепел, која останува по обработката на рудата. Во подрачјето наречено Мрвачко, во XIX век многу села се занимавале со рударство и железарство, но кон крајот на векот занаетот замрел. Називот „Мрваци“ првично се однесувал на рударските села, а подоцна го опфатил населението на целото подрачје. Мрваците зборуваат на свој мрвачки говор, кој ѝ припаѓа на групата серско-драмски дијалекти на македонскиот јазик.
Според дипломатот Атанас Шопов мрвачки села се:[3]
- Неврокопска каза: Даг Чифлик (Добротино), Јуч Дурук (Делчево), Мусомишта (Мосомиште), Лески (Ново Лески), Тешово, Гајтаниново, Парил, Л’ки, Ловча, Караќој, Трлис, Долно Броди, Елес, Куманич, Либјахово, Везме, Зрново, Старчишта и Белотинци
- Серска каза: Лакос, Дутлија, Раховица, Баница, Горно и Долно Фраштани, Мертатово и Метох
- Демирхисарска каза: Горно и Долно Спанчево, Храсна, Ковачево, Петрово, Голешово, Сенгелово, Белово, Црвишта, Крушево, Крчово, Радово, Пулево, Елешница и Герман.
Васил К’нчов ги посетил овие места во 1891 г. и напишал:
„ | Мрваците се начелно крупни луѓе со здрав стас; тие се многу поразвиени од околното население и во умствен поглед. Пред Руско-турската војна целото Мрвачко ја отфрлило грчката црква и насекаде имаше добри училишта и убави цркви. Бидејќи таа област зеде најактивно учество во комитските чети по војната, истата и најмногу настрада од турските власти. Најбудните селани пропаднаа по анадолските тврдини, многумина загинаа во превирањата и мнозина избегаа во Бугарија. И денес месните власти гледат најнедоверливо на Мрвачко, и имаат право, бидејќи ова население е најнемирното во Источа Македонија.[4] | “ |
Кон крајот на XIX век името Мрвак почнало да се користи погрдно. Во врска со тоа, во 1893 г. Атанас Шопов напишал:
„ | Денес називот „Мрвак“ служи како некаква навреда за луѓето кои, се чини, не сакаат да бидат нарекувани Мрваци. Кога сакаат да понижат, да навредат некого, му велат дека е „Мрвак“. Мрваците се срамат да го носат своето име, кое им се гледа долно, простачко и понижувачко.[5] | “ |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Салганджиевъ, Стефанъ (1906). Лични дѣла и спомени по възраждането на Солунскитѣ и Сѣрски Българи или 12-годишна жестока неравна борба съ грьцката пропаганда. Пловдивъ: Печатница „Трудъ“ на П. Бѣловѣждовъ. стр. 109–112.
- ↑ мрва (ж) — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 114.
- ↑ Кънчов, Васил. "Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр.228.
- ↑ Шопов, Ат. Из живота и положението на българите във вилаетите, София, 2011, стр. 104.