Атанас Шопов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Шопов
Роден 18 јануари 1855
Панаѓуриште, Бугарија
Починал 7 април 1922
Софија, Бугарија

Атанас Шопов (18 јануари 1855 - 7 април 1922) — истакнат бугарски дипломат, публицист и преведувач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Панаѓуриште во 1855 година. Завршил во месното класно училиште, а потоа учел во Военомедицинското училиште во Цариград. Учествувал во Руско-турската војна. Награден е со лента за храброст на Александрискиот крст.

По ослободувањето на Бугарија завршил право во Санкт Петербург, а потоа специјализирал во Сорбона. Работел како главен секретар на Бугарската егзархија во Цариград (1884 - 1897), бугарски трговски агент (1897 - 1908) и генерален конзул во Солун (1909 - 1913).

Во 1884 година бил избран за редовен член на Бугарското книжевно друштво (денес Бугарска академија на науките) [1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. А. Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма (ред. А. Пасков). София, 1995
  2. Щрихи от живота и дейността на Атанас Шопов (1855-1922). Пазарджик, 1998