Долно Спанчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Спанчево
Поглед кон кметската зграда
Поглед кон кметската зграда
Долно Спанчево is located in Пиринска Македонија
Долно Спанчево
Долно Спанчево
Местоположба на Долно Спанчево во Пиринска Македонија
Координати: 41°25′17″N 23°22′46″E / 41.42139° N; 23.37944° E / 41.42139; 23.37944Координати: 41°25′17″N 23°22′46″E / 41.42139° N; 23.37944° E / 41.42139; 23.37944
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна6.591 км2 (2,545 ми2)
Надм. вис.&10000000000000232000000232 м
Население (2015)
 • Вкупно93
 • Густина0.014/км2 (0.037/ми2)
Часовен појасEET
 • Лете (DST)EEST (UTC)
Повик. бр.07425

Долно Спанчевосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 18 километри источно од градот Петрич, во Светиврачко-петричката Котлина. Атарот на селото зафаќа 6.591 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 232 метри. Климата е преодна медитеранска со најмалку врнежи од август и ноември. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 530 мм. Патот Петрич - Неврокоп поминува низ селото.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во Долно Спанчево

Во текот на 19 век, селото било мешано, кое припаѓало на Демирхисарската каза во Серскиот санџак. Во текот на 1859 година во селото била изградена црквата последена на Свети Ѓорѓи, која денес е прогласена за споменик на културата.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Спанчово Долне (Spantchovo-dolné) е наведено како село со 82 семејства со 150 жители муслимани и 70 Македонци, а изоставениот Сердар чифлик е запишан со население од 100 жители Македонци со 26 семејства[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Спанча, 6 часа на СИ од Валовиште, 1/2 час до Бистрица. Пред пет години опстојувал сердар чифлик, чие население се отселило. Остатокот од земјата го обработува околните села. Патот е рамен. Грчка црква. 40 турски куќи и 20 македонски.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 400 жители, од кои 200 биле Турци и 200 Македонци[1][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 200 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][5].

Во текот на Балканските војни, во 1913 година селото било освоено од страна на грчката војска, а 30 куќи биле опожарени[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.

Наводи[уреди | уреди извор]