Свети Врач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Врач
Сандански
Skyline of Свети Врач
Земја Бугарија
Област Благоевградска
Управа
 • Градоначалник Андон Тотев
Површина
 • Градска 26,867 км2
Надм. вис. 296 м
Население (2011)[1]
 • Градско 28.510
 • Градска 40.470
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 2800
Повик. бр. 0746
Мреж. место Портал

Свети Врач (од 1947/49 г. офиц. Сандански, бугарски: Сандански[2]) — град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лева страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна. Низ него тече реката Санданска Бистрица.

Хотел „Сандански“
Парк до хотелот „Сандански“

Историја[уреди | уреди извор]

Во античко време овде живеело пајонското племе Синти. Подрачјето е приклучено кон Античка Македонија од Филип II. Се предпоставува дека античкиот град што постоел овде бил подигнат токму од него е се викал Партикополис или Парајкополис. Во 168 год.ст.е. како дел од Македонија паѓа под римски протекторат.

Градот го носи изворното име Свети Врач (со значење „лекар“), поради лековитоста на своите извори. Денешното официјално име го добил во 1949 г. (неформално во 1947 г.) според македонскиот револуционер Јане Сандански, кој Бугарија го смета за нивен деец[2].

Во првиот попис во Бугарија по Втората светска војна (во времето на Татковинскиот фронт и Георги Димитров) кога 70% од населението на Пиринска Македонија се попишало како Македонци, во Свети Врач процентот на Македонците бил 85%. Исто така и во првиот попис по падот на комунизмот во Бугарија, некои медиуми шпекулирале дека како и во Петрич, така и во Свети Врач постои „национална опасност“ бидејќи околу 20% од населението во градот се попишале како Македонци, а во повеќе светиврачки села сите жители целосно се изјасниле дека се Македонци[3][да се провери], сепак нема официјални податоци за овие информации на некои бугарски медиуми.

Население[уреди | уреди извор]

Според официјалните податоци, Свети Врач (Сандански) има околу 41 180 жители, од кои 95% се изјаснети како Бугари. Дел од жителите на Свети Врач се изјаснети како Македонци (околу 1%) и токму во овој град е голем бројот на симпатизерите на ОМО Илинден - Пирин [1].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Градот е познат по своите топли геотермални извори поради кои Австријци кои се лечеле во Свети Врач го изградиле познатиот хотел „Сандански“.

Поради близината со грчката граница, последниве години во Свети Врач има наплив на грчки фирми и грчки капитал. Градот и околината поради рамничарскиот предел отворен кон југ (кон Петрич), близината на реките Струма и Санданска Бистрица и гео-термалните извори има развиено земјоделие, особено оранжериско производство на ран зеленчук.

Гимназијата „Јане Сандански“ е во тесна со работка со скопската гимназија „Орце Николов“ и други странски гимназии. Секоја година во градот и околината се одржува велосипедски крос по повод борбата против дрогата на која редовни гости се ученици од македонските гимназии со кои соработува светиврачката гимназија, а од 2006 година ова пријателство стана традиционално со приемот на учениците од Свети Врач во Скопје.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Census 2011
  2. 2,0 2,1 „Историја“. Портал на Општина Сандански. 30 август 2008. http://sandanski.org/sandanski/history. 
  3. В. Јотевски, Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948 г. Скопје 1996, (податоци на с. 155)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]