Љубовишта (Пиринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубовишта
Любовище
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Љубовишта is located in Бугарија
Љубовишта
Љубовишта
Местоположба во областа
Љубовишта во рамките на Пиринска Македонија
Љубовишта
Местоположба на Љубовишта во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°32′N 23°27′E / 41.533° СГШ; 23.450° ИГД / 41.533; 23.450Координати: 41°32′N 23°27′E / 41.533° СГШ; 23.450° ИГД / 41.533; 23.450
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна6.475 км2 (2,500 ми2)
Надм. вис.&10000000000000507000000507 м
Население (2015)
 • Вкупно21
 • Густина0,0.032/км2 (0,0.084/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2820
Повик. бр.07437

Љубовиштасело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Љубовишта се наоѓа на 29 километри југоисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 507 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6475 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Според академикот Иван Дуриданов етимологијата на името Љубовишта доаѓа од -ишти од личното име Љубо.[1]

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовица (Libovitsa) било село со 22 семејства и 70 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители, од кои 50 Турци и 200 Македонци[2][4].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 македонски патријаршисти, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][5].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[2][6][уреди | уреди извор]

Население на Љубовишта по попис[6]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 317 378 383 264 83 55 42 36 19 21
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. во: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 186.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  6. 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Любовище, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.