Прејди на содржината

Сугарево

Координати: 41°33′N 23°25′E / 41.550° СГШ; 23.417° ИГД / 41.550; 23.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сугарево
Сугарево is located in Бугарија
Сугарево
Сугарево
Местоположба во областа
Сугарево во рамките на Пиринска Македонија
Сугарево
Местоположба на Сугарево во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°33′N 23°25′E / 41.550° СГШ; 23.417° ИГД / 41.550; 23.417
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна58.075 км2 (22,423 ми2)
Надм. вис.&10000000000000955000000955 м
Население (2015)
 • Вкупно19
 • Густина0,00.033/км2 (0,00.085/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2820
Повик. бр.07437

Сугаревосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Сугарево се наоѓа на 30 километри југозападно од Свети Врач во планински регион, во југозападните делови на планината Пирин. Селото се наоѓа на надморска висина од 955 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 58.075 км2. Климата е преодна средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Низ територијата на селото тече Реката Сугаревска, главната притока на реката Мелник.

Историја

[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство

[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сугарево (Sougarévo) е село со 15 семејства и 50 Македонци[1][2]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 236 македонски патријаршисти[1][3].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, три лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[4].

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население на Сугарево по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 190 217 228 135 100 69 55 20 19 19
Население по возраст
од 2011 година
[6]:
Внатрешност на црквата „Св. Илија“

Селската црква е посветена на „Свети Илија“. Црквата била изградена во 1856 година од страна на месниот жител Мано Сирманов, којшто сонил сон за да ја изгради. Во голем степен, црквата го задржала својот оригинален облик.Црквата е изградена на раб на една стрмна долина. Крај црквата се наоѓа гробот на Тодор Александров и Панзо Зафиров и гробовите на Симеон Евтимов, Иван Параспуров и Антон Попов. До гробот се стигнува по обележан пат од село Сугарево, и е оддалечено околу 1 километар од селото на северозапад.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Традиционалниот собир на селото е на празникот Илинден.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени
  • Ангел Сугарвалијата, деец на ВМОК[7]
  • Дино (Динчо) Мицев Сугарски, деец на ВМРО[8]
  • Иван Николов Нојков – Ванката, член на Серския револуционерен округ од 1907 година[9]
Починати
  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 189.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 881
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Сугарево, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  7. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 1, София, 1933, стр. 160.
  8. Пърличев, Кирил (1999). 36 години във ВМРО. Спомени на Кирил Пърличев. София: Веда МЖ. стр. 598.
  9. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893 – 1934, Звезди, 1999, стр.21