Љубовка
Љубовка Любовка | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°34′N 23°21′E / 41.567°N 23.350°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 11.739 км2 (4,532 ми2) |
Надм. вис. | 748 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 30 |
• Густина | 0,0.026/км2 (0,0.066/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 07435 |
Љубовка — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Љубовка се наоѓа на 17 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Селото има три маали: горна, средна и долна. Селото се наоѓа на надморска висина од 748 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.739 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во 1875 година за свештеник во селото бил поставен Алекса Анастасов, кој завршил грчко училиште во Мелник. Тој на функцијата се задржал и по 1878 година[1]. Црквата Света Недела била изградена во 1885 година. Во 1888 година во приватна куќа било отворено ново училиште[2].
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовка (Libovka) се состоела од 75 куќи и 250 Македонци[3][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Љубовка, село 2 часа на С од Мелник, до Бождово 1 час пат. Куќите му се изградени на неколку ридови. селаните произведуваат и вино. Грчка црква, во која се чита мешано. 65 куќи, само Бугари.[3][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 520 жители, сите Македонци[3][6].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1919 година, на иницијатива на Ѓорѓи Менчев (1887 - 1923 година), во селото била формирана организација на БКП, во која членувале Ѓорѓи Тимев, Ѓорѓи Стојанов Тичев и други. На изборите во 1922 година, сите комунистички кандидати биле избрани за општински советници, а Менчев станал градоначалник. Бил воведен прогресивен данок на доход. Официјални лица на ВМРО ги уапсиле комунистичките советници, и по брутално испитување на 10 септември 1922 година, ги убиле во Лопово на Пирин[7].
Население[3][8]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 326 | 436 | 451 | 282 | 212 | 100 | 68 | 61 | 32 | 30 |
![]() |
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- 20 јули – Илинден. Во црквата „Свети Илија“ се собираат жителите на селото.
- 15 август – Голема Богородица. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се собираат жителите на селото.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Атанас Апостолов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[10]
- Ѓорѓи Менчев (1887 - 1922), деец на БКП
- Ѓорѓи Тимев (1887 - 1922), деец на ВМОРО и БКП
- Ѓорѓи Јакимов (1885 - 1922), деец на БКП
- Стојан Златанов, деец на ВМРО
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 33.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том Ι. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 521. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ Тасев, Славчо (1971). Безсмъртните 1922 - 1944. Биография на загиналите в борбата против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг. София: Издателство на Българската комунистическа партия. стр. 58, 62.
- ↑ 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Любовка , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 47.
|