Пирин (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пирин
Пирин is located in Бугарија
Пирин
Пирин
Местоположба во областа
Пирин во рамките на Пиринска Македонија
Пирин
Координати: 41°32′N 23°33′E / 41.533° СГШ; 23.550° ИГД / 41.533; 23.550Координати: 41°32′N 23°33′E / 41.533° СГШ; 23.550° ИГД / 41.533; 23.550
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна141.757 км2 (54,733 ми2)
Надм. вис.&10000000000000630000000630 м
Население (2015)
 • Вкупно174
 • Густина0,0.012/км2 (0,0.032/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2823
Повик. бр.074386

Пирин село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Пирин се наоѓа во планинска област, на границата меѓу Среден и Јужен Пирин. Сместено е во историско-географското подрачје Мрвачко во живописната област по течението на реката Пиринска Бистрица. Селото е оддалечено на 2 километри од главниот пат, што го поврзува градот Неврокоп со долината на Струма и граничниот премин Кулата. Селото Пирин се наоѓа на 48 километри сточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 603 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 141.757 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото Пирин е едно од најголемите центри на средновековна црна металургија во Мрвачко. Во селото работеле околу 30 ковачи. Добиените дела главно биле дистрибуирани на пазарите во Серско[1].

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓало на Демирхисарската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Пирин се состоело од 120 семејства и 410 Македонци[2][3]. Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1885 година.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Пирин, 2 часа на С од Храсна; кај двата брега на Бистрица. Почва само планинска, која формира долина од двата паралелни гребени на Пирин. Дрвари и железари; рудата се доведува од Тарлин и Крушево. Само 'рж и овес се одгледуваат. Патот е стрмен и опасен. Во црквата се чита на грчки. Нема училиште. 90 куќи.[4]


Во периодот од 1896-1900 година селото паднало под влијание на Бугарската егзархија.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1295 жители, од кои 45 Власи и 1250 Македонци[2][6].

Во времето на Илинденското востание во 1903 година, во регионот се воделе неколку битки помеѓу востаниците и турските сили. На 1 септември 1903 година кај Пирин се одвила битката на Пирин[7] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со 1 учител и 38 ученици[2][8].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 8 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[9].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[2][10][уреди | уреди извор]

Население на Пирин по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 969 1180 1415 1166 1029 634 476 334 191 174
Население по возраст
од 2011 година
[11]:

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Параклис „Свети Дух“;
  • Пештерите – Јаворова дупка и Змејска дупка;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Секоја година на празникот Духовден (се менува во православниот календар, често во јуни), голем селски собир се одржува во капелата „Светиот Дух“ кај селото. Тука секој даб е именуван по семејство и на празникот секој род стои веднаш до неговото дрво-чувар со истото име. Православниот празник на Светиот Дух е секогаш во понеделник, но во недела селаните одат во областа околу параклисот. Во текот на ноќта се одржува литургија за здравје. Литургија се одржува во самата капела. Подот е покриен со лисја од орев за да ги задржи луѓето здрави како орев. Жените шетаат низ објектот на капелата, држејќи се за раце и пеат локални народни песни. Се прави курбан. Се организираат спортски настани. Специјално за овој ден се пее и игра една религиозна песна за крштевањето на Исус.
  • Бабинден (8 јануари) е еден од големите празници на селото

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георгиев, Георги. "Старата железодобивна индустрия в България". София, 1978, стр. 137-141.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 854.
  5. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184.
  7. Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 104 - 105.
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 870
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Пирин , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.