В’лково
В’лково Вълково | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°35′N 23°13′E / 41.583°N 23.217°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 3.844 км2 (1,484 ми2) |
Надм. вис. | 85 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 396 |
• Густина | 0,10/км2 (0,27/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2807 |
Повик. бр. | 074324 |
В’лково — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото В’лково се наоѓа на 8 километри западно од Свети Врач, во подножјето на Малешевска планина. Селото се наоѓа на надморска висина од 85 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 3.844 км2.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век, селото било село населено со турско население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вексeн (Vëksen) е село со 16 семејства и 39 Турци[1]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 190 Турци 40 Македонци[2][3].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија, а муслиманското население ги напуштило своите домови. Селото било населено во 1921 година од страна на бегалци и раселени лица од Егејска Македонија и од другите делови на земјата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 144 – 145..
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
|