Малки Цалим
Малки Цалим | |
---|---|
Координати: 41°36′N 23°20′E / 41.600°N 23.333°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 7.229 км2 (2,791 ми2) |
Надм. вис. | 847 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 8 |
• Густина | 0,0.011/км2 (0,0.029/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2800 |
Малки Цалим — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Малки Цалим се наоѓа на 13 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 847 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 7229 км2. Селото се граничи со Голем Цалим и Бождаво. Куќите во Малки Цалим се од типот на родопски куќи и 10 од нив се споменици на културата[1]. На југоисток од селото поминува реката Бождевска. Природните услови се поволни за одгледување на индустриски и фуражни култури и за сеча.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во втората половина на XIX век.[2]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тимар Цалип (Timar tsalipe) се состоело од 30 куќи и 110 Македонци, а Вакаф Цалип со 45 домаќинства и 150 Македонци[3][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Малки Цалим, на 1/4 ч. на И од Голем Цалим. Иста месност, како во погорното село. Мешана црква; училиште нема. 30 куќи само Бугари[3][5]
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 210 жители, сите Македонци[3][6].
Население[3][7]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 174 | 190 | 184 | 115 | 34 | 30 | 24 | 20 | 9 | 8 |
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]Во близина на селото се наоѓа пештерска црква „Свети Јован Рилски’. Легендата вели дека во црквата живеел светецот, пред да биде прогонет од месното население, кое го сметало за магионичар. Секоја година на 18 август на ова место, селата Голем и Мал Цалим прават курбан, со многу песни и ора.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Божин Велев (1896 – 1923), бугарски политичар
- Јане Јанев (р. 1971), бугарски политичар
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Малки Цалим
- ↑ Енциклопедия Пирински край. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 541. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Малки Цалим, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|