Дебрене

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дебрене
Дебрене is located in Бугарија
Дебрене
Дебрене
Местоположба во областа
Дебрене is located in Пиринска Македонија
Дебрене
Местоположба на Дебрене во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°34′N 23°18′E / 41.567° N; 23.300° E / 41.567; 23.300Координати: 41°34′N 23°18′E / 41.567° N; 23.300° E / 41.567; 23.300
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна658 км2 (254 ми2)
Надм. вис.&10000000000000535000000535 м
Население (2015)
 • Вкупно48
 • Густина0,073/км2 (0,19/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2803
Повик. бр.0746

Дебренесело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Дебрене се наоѓа на 2 километри североисточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 535 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 658 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со поседувањето на оваа територија од страна на манастирот[1].

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

През XIX век Дебрене било чисто македонско село, кое припаѓало кон Мелничката каза на Отоманското Царство. Црквата „Света Недела“ била изградена во 1844 година.[2] Во 1860 година било отворено приватно училиште година, а од Голешово бил поканет еден свештеник,[3] да ги поучува децата на побогатите семејства во црквата „Света Недела“. Ова училиште опстојувало две години, по што селото останало без училиште пет години. Потоа во селото предавале Ризо Панев и Тодор Божинов.[4] Во 1873 година, преродбеникот Петар Сарафов отворил ново училиште во селото. Тука тој применил некои педагошки иновации и изградил посебна училишна просторија.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Дебрен (Débren) е наведено како село со 102 семејства и 340 Македонци[6][7].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Дебрене, село на СЗ од Мелник, 3 часа растојание. Патот не е рамен. Изградено е во подножјето на Бождовска планина од десниот брег на една притока на Бистрица. Една ливада која е сосема мала, до реката: нивите им се наоѓаат во Лешница и Поленица. Црква „Св. Недела“, една од најстарите во околните села. Во црквата се чита мешано. Сега нема училиште; пред една година имало бугарско училиште, кое го отворил П. Тренов од Гајтаниново. 85 куќи, само Бугари.[6][8]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 560 жители, сите Македонци[6][9]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 520 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученици[6][10].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 12 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[11].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[6][12][уреди | уреди извор]

Население на Дебрене по попис[12]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 430 465 362 229 182 115 95 76 52 48
Население по возраст
од 2011 година
[13]:

Личности[уреди | уреди извор]

Родени

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531.
  2. Енциклопедија „Пирински крај“, том I. Благоевград: Редакција „Енциклопедија“. 1995. стр. 243. ISBN 954-90006-1-3.
  3. Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 29.
  4. Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 30.
  5. Тасев, Христо (1987). Борба за национална просвета в Мелнишкия край. София: Народна просвета. стр. 67.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140 – 141..
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 23 - 24.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  11. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 841
  12. 12,0 12,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Дебрене, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  13. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.