Склаве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Склаве
Склаве is located in Бугарија
Склаве
Склаве
Местоположба во областа
Склаве is located in Пиринска Македонија
Склаве
Местоположба на Склаве во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°31′N 23°19′E / 41.517° N; 23.317° E / 41.517; 23.317Координати: 41°31′N 23°19′E / 41.517° N; 23.317° E / 41.517; 23.317
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна9.034 км2 (3,488 ми2)
Надм. вис.&10000000000000183000000183 м
Население (2015)
 • Вкупно1.467
 • Густина0,16/км2 (0,42/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2811
Повик. бр.07435

Склавесело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Склаве се наоѓа на 12 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 183 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.034 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1638, 1652 и 1670 година[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Славе (Slavé) е наведено како село со 62 семејства со 70 Турци и 290 Македонци[2][3].

Во 1891 низ селот поминал Васил К’нчов, кој за селото запишал:

Повеќето од селото Склаве веќе беше видливо. Ова место е извонредно бидејќи во него се одбележува голем панаѓур, кој трае три дена на Св. Троица. Панаѓурот се вика Св.Торица. Мора некогаш да постоел имало Св. Троица. Според легендата, некогаш се водела голема битка меѓу Турците и Бугарите, а потоа селото Склаве или Славе било уништено. Главно живата стока се троши на панаѓурот.[2][4]


Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Склавие, село кое се наоѓа на едно рамниште, од Спатово на СЗ 1/2 час. Има неколку куќи, чифлик на тамошни аги. Разкошни ниви и ливади наоколу. 26 куќи, турци, бугари и цигани. Пред „Света Троица“ 1 ден тук се одржува панаѓур од жива стока и трае два дена.[2][5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 596 жители, од кои 200 Турци, 96 Роми и 300 Македонци[2][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 19 ученици[2][7].

За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија[8].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По војните во селото се населиле бегалци од лагадинските села Богородица, Зарово и од серските Герман, Горно Порој, Крушево и Крчово[9] Дел од жителите на селото се доселеници од пиринското село Држаново (денес напуштено).

Население[2][10][уреди | уреди извор]

Население на Склаве по попис[10]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 881 1095 1104 1566 1599 1670 1679 1559 1464 1467
Етнички состав на населението
од 2011 година[11]:
Националност Население Процент
Бугари 1070 91,3 %
Турци 8 0,68 %
Роми 86 7,34 %
Вкупно 1172
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Култура[уреди | уреди извор]

Сите жители на селото се православни христијани. Селската црква се нарекува „Св. Троица“. Освен оваа, во селото постои и црквата „Св. Петка“ која се наоѓа на гробиштата. По напуштањето на црквата во блиското село Шатрово, иконите и дел од останатиот инвентар во 1960 година биле пренесени во тогашната нова црква „Св. Петка“, која во чест на онаа од село Шатрово, го добила истото име[13].

Селото има машка, женска и детска фолклорна група. Групите учествувале на многу натпревари и освоиле награди за народна творба во Копривптица.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Друго събитие е съборът на черквата Свети Дух, който е на едноименния празник. Панаирът се провежда няколко дни преди празника на черквата.

Секоја година има панаѓур кој датира од римско време. Овој панаѓур во минатото претставувал пазар на робови, од каде произлегува и името на селото „склав“ од латинскиот „роб“. Според некои неофицијални извори, на овој пазар бил продаден водачот на најголемото анти-римско востание на робовите Спартак. Според други неофицијални извори, токму во ова село се родил Спартак. Неодамна, панаѓурот е еден од најголемите регионални пазари за животни. Борбите се организираат и на годишно ниво. Обично се одвива околу 15 јуни.

Друг настан е собирот во црквата на Духовден. Собирот се одржува неколку дена пред празникот на црквата.

Спорт[уреди | уреди извор]

Во 1962 година во селото бил основан фудбалски клуб Спартак. Поради недостаток на финансирање, спортистите имале обични дресови. Клубот се натпреварува во аматерската бугарска лига, и нема играно во поквалитетните фудбалски бугарски лиги.

Личности[уреди | уреди извор]

Темелко Хаџи-Јанев

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия „Пирински край“. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 262
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  4. Кънчов, Васил. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр. 156.
  5. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 25.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  8. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  9. Енциклопедия "Пирински край". Том 2, Благоевград, 1999, стр.262
  10. 10,0 10,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Склаве , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  11. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  12. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  13. Столинчев, Ангел (2015). Църква: летопис на духовна околия Сандански, и на църковния разкол в отечеството летопис: дневници, спомени, документи, кореспонденция, църковни, исторически, етнографски, фолклорни, краеведски проучвания, Том I. София: Синева. стр. 717, 727. ISBN 9786197086119.