Хотово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хотово
Хотово is located in Бугарија
Хотово
Хотово
Местоположба во областа
Хотово is located in Пиринска Македонија
Хотово
Местоположба на Хотово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°30′N 23°20′E / 41.500° N; 23.333° E / 41.500; 23.333Координати: 41°30′N 23°20′E / 41.500° N; 23.333° E / 41.500; 23.333
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна8.796 км2 (3,396 ми2)
Надм. вис.&10000000000000196000000196 м
Население (2015)
 • Вкупно93
 • Густина0.011/км2 (0.027/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2821
Повик. бр.07435

Хотовосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Хотово се наоѓа на 14 километри јужно од Свети Врач и на 8 километри југозападно од градот Мелник. Селото се наоѓа на надморска висина од 196 метри и во овој регион климата се одликува со високи температури, бидејќи овде биле измерени рекордни температури во земјата. Атарот на селото зафаќа површина од 8.796 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Хотово (Hotovo) е наведено како село со 48 семејства и 170 Македонци[1][2].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Хотово. Ова се се наоѓа до Мелничката река, од нејзиниот десен брег. Селото е изградено во долнина. Далеку е од Мелник 2 часа на ЈУЗ. Сеќавањето на жителите е исто како и во Батак. Грчка црква „Св. Никола“. Во селото има рушевини од три други стари цркви. Нема училиште, пред три години имало грчко училиште. Од Хотово, како и од околните села, многу момчиња учат во Мелничкото грчко училиште. За да се прехранат, слугуват на Грците. 45 куќи, само Бугари.[1][3]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 270 жители, сите Македонци[1][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 23 ученици[1][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[1][7][уреди | уреди извор]

Население на Хотово по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 457 474 452 433 303 219 172 158 99 93
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Минерална бања. Постојат неколку минерални извори. Во селото има и минерална перална.
  • Според метеоролошката статистика, регионот во селото Хотово е регион со најголем број сончеви денови годишно во Бугарија. Ова исто така ја одредува егзистенцијата на жителите на селото - на подрачјето на селото Хотово, изградени се илјадници хектари лозови насади, каде се одгледуваат лозовите насади на познатата сорта мелнички вина и сортата Мелник 55. Овие две сорти на винова лоза имаат потреба од сонце и топлина колку што е изобилство во овој регион и не се одгледуваат во кој било друг регион во земјата.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година на 14 октомври во селото се одржува собир на жителите на селото.

Личности[уреди | уреди извор]

Георги Константинов
Родени во Хотово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
  3. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 25.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 886
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Хотово, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  9. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 274.
  10. Дипломатите не излизат в пенсия
  11. 11,0 11,1 „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 764.
  12. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 570.
  13. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 757.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 506.
  15. Пътеводител по мемоарните документи за БКП, съхранявани в Централния държавен архив. Архивни справочници, том 6 (PDF). София: Главно управление на архивите при Министерския съвет. Централен държавен архив. 2003. стр. 398. ISBN 954-9800-36-9. Посетено на 5 септември 2015.
  16. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 367.