Лешница (Светиврачко)
Лешница | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°32′N 23°17′E / 41.533°N 23.283°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 9.037 км2 (3,489 ми2) |
Надм. вис. | 198 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 668 |
• Густина | 0,074/км2 (0,19/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2808 |
Повик. бр. | 07431 |
Лешница — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Лешница се наоѓа на 5 километри јужно од Свети Врач, во подножјето на планината Пирин, во сливот на реката Боджовска. Летата се топли и долги, а зимите се благи. Селото се наоѓа на надморска висина од 198 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.037 км2. Покрај селото во близина поминува магистралниот пат Е79 (Видин-Софија-Култа-Солун).
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лешница (Léchnitsa) е село со 16 семејства од кои 20 Турци и 20 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лешница, чифлик на мелничкиот грк Деко. Се наоѓа на една ливада до една притока на Бистрица, за СЗ од Мелник 2 1/2 часа. Црква, која е затворена од некое време. Бугарски куќи 5, турски 5. Пред 10-тина години било село од 20 куќи.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 55 жители, од кои 30 Турци и 55 Македонци[1][4].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1936 година била изградена хидроцентрала Лешница, која го електрифицирала целото село. Постои проект за изградба на канализациски систем.
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]Во Лешница има кметство, центар на заедницата со библиотека, мала капела и продавници. Здравствените и образовните институции се во соседниот град Свети Врач. Во селото има читалиште „Никола Јонков Вапцаров“ со библиотека од 1800 тома литература.
Во селото се наоѓа црквата „Св. Козма и Дамјан“. Во селото има понуда за посетителите кои можат да бидат сместени во пријатни соби. Во близина на селото се наоѓа одморалиштето Сандански.
Население[1][5]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 390 | 612 | 613 | 565 | 652 | 822 | 903 | 838 | 769 | 668 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 692 | 96,24% |
Роми | 23 | 3,2% |
Вкупно | 719 |
![]() |
Личности
[уреди | уреди извор]- Ангел Ангелов (р. 1930), бугарски офицер
- Андон Анастасов (1837 – 1920), бугарски духовник
- Страхил Точев (р. 1932), бугарски архивист
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 140-141.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Лешница, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|