Бождово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бождово
Бождово is located in Бугарија
Бождово
Бождово
Местоположба во областа
Бождово is located in Пиринска Македонија
Бождово
Местоположба на Бождово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°36′N 23°21′E / 41.600° N; 23.350° E / 41.600; 23.350Координати: 41°36′N 23°21′E / 41.600° N; 23.350° E / 41.600; 23.350
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна16.046 км2 (6,195 ми2)
Надм. вис.&100000000000010200000001.020 м
Население (2015)
 • Вкупно4
 • Густина0.00.025/км2 (0.00.065/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2811
Повик. бр.03691

Бождовосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Бождово се наоѓа на 4 километри источно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 1020 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 16,046 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Антички и средновековен период[уреди | уреди извор]

Траги од човечка активност од доцното железо доба и антиката се пронајдени во јужниот крај на селото во месноста Гарван и месноста Оградата.

Селото (Буздово) се споменува во 1365 година во опис на манастирот Света Богородица во Мелник, издаден од деспотот Јован Углеша, во врска со постоењето на манастирски имот овде[1].

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото за време на османлиското владеење било чифлик на турските бегови. Под името Божедово се наоѓа во турските даночни документи од 1659 и 1660 година. Во минатото, Бождово била мешана влашко-македонска населба.

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Бождово (Bojdovo) е наведено како село со 42 семејства со 140 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 710 жители, од кои 250 Македонци и 460 Власи[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 240 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 570 Власи[2][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 11 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[2][7][уреди | уреди извор]

Население на Бождовопо попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 232 280 218 110 30 14 15 6 6
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нешева, Виолета. Мелнишкият манастир “Св. Богородица Спилеотиса” (“Св. Зонá”) в нови документи. Сборник в памет на професор Велизар Велков. София, 2009, стр. 519-531.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 148.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 830
  7. 7,0 7,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Бождово, общ. Петрич, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.