Тројан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тројан,
Бугарија Бугарија

Тројан

Тројан

Област

Ловечка

Општина

Тројан

Население

26 549
(според 2006)

Регистарска ознака

ОВ (BG)
Градоначалник Минко Акимов (ГЕРБ)
Надморска височина 400 м
Портал http://www.troyan.bg/
Координати: 42° 53′ С, 24° 43′ И

Тројан (бугарски: Троян) е град во северна Бугарија, Ловечка област, на 35 км jужно од Ловеч. Сместен е меѓу двата брега на реката Бели Осам, на северните падини на Стара планина. Последна станицa на железничката линиjа Левски-Тројан. Има автопатишта кон Ловеч, Тетевен, Севлиево, Априлци, а низ Тројанскиот премин кон Карлово и Пловдив. Тројан е втор по големина во областа по Ловеч и административен центар на истоимената општина.

Тројан изникнува во ХV век како населба во влезот од Тројанскиот премин. Името го добива според централното од римските патишта Виа Траjана (меѓу Дунав и Белото Море). Од времето на Траките се откриени керамички и бронзени садови, монети, камени и коскени предмети.

Во 1871 г. бугарскиот револуционер Васил Левски создава револуционерен комитет.

Тројанскиот манастир "Успение Богородично" е трет наjголем во Бугарија, каде се чува и чудотворната икона на Богородица Трорачица.

Во с. Орешак се организира "Националната изложба на народните и уметничките занаети".

Познати личности[уреди | уреди извор]

Природа[уреди | уреди извор]

Краj Тројан се наоѓаат природните резервати - Козjа стена, Стенето, Северен џендем, кои се дел од Националниот парк "Централен Балкан" - познат со единствениот растителен и животински свет. Во резерватот Северен Џендем се изброени 30 водопади со височина над 20 м. Интересно карпеста форма е камениот свод “Крали-Маркова дупка”, покраj планинарскиот дом "Амбарица".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]