Седес (општина)
| Општина Седеш Δήμος Θέρμης | |
|---|---|
| Податоци | |
| Област: | Централна Македонија |
| Округ: | Солун |
| Гео. област: | Халкидик |
| Население: | 43.796 (2021) |
| Седиште: | Седес |
| Нас. места: | 16 |
| Пошт. бр.: | 570 01 |
| Пов. бр.: | 2310-41 |
| Портал: | dimosthermis.gr |
Седеш (грчки: Δήμος Θέρμης, Димос Термис) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е градот Седес. Општината опфаќа 16 населени места во северозападниот дел на полуостровот Халкидик.
Населени места
[уреди | уреди извор]Општината Седес е создадена на 1 јануари 2011 со обединување на општините Седес (Терми), Микра и Царево Село (Василика) по законот „Каликратис“.[1]
Општинска единица Микра
[уреди | уреди извор]
Општинската единица Микра со седиште во Замбат ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Адали
- село Адали (Κάτω Σχολάρι, Като Схолари)
- Општински оддел Караџоханли
- село Караџоханли (Καρδιά, Кардија)
- Општински оддел Узун Али
- село Узун Али (Πλαγιάρι, Плајари)
Општинска единица Седес
[уреди | уреди извор]
Општинската единица Седес ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Загрџа
- град Загрџа или Загарџа (Ταγαράδες, Тагарадес)
- Општински оддел Маџарлак
- село Маџарлак (Νέα Ραιδεστός, Неја Редестос)
- Општински оддел Прнар
- село Прнар (Νέο Ρύσιο, Нео Рисио)
Општинска единица Царево Село
[уреди | уреди извор]
Општинската единица Царево Село со седиште во Царево Село ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Царево Село
- село Царево Село (Βασιλικά, Василика)
- село Турханли (Λακκιά, Лакија)
- Општински оддел Доганџи
- Општински оддел Ливади
- село Ливади (Λιβάδι)
- Општински оддел Ново Село
- село Ново Село (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)
Поранешни села
[уреди | уреди извор]На територијата на општината се наоѓало и некогашното село Гедикли (Κάτω Περιστερά, Като Перистера).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Општина Седес Архивирано на 6 септември 2011 г.
| ||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||