Долна Џумаја (општина)
Општина Долна Џумаја Δήμος Ηρακλείας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Серско Поле |
Население: | 23 337 (2001) |
Седиште: | Долна Џумаја |
Нас. места: | 26 |
Пошт. бр.: | 624 00 |
Пов. бр.: | 23250-2 |
Портал: | dimosiraklias.gr |
Долна Џумаја (грчки: Δήμος Ηρακλείας, Димос Ираклијас) — општина во Серскиот округ во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа 26 села, а административен центар е гратчето Долна Џумаја (Ираклија).
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Долна Џумаја е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Долна Џумаја, Орљак и Просеник.
Општинска единица Долна Џумаја[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Долна Џумаја има 13 173 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Долна Џумаја (3 609 жители)
- село Долна Џумаја (или Бајракли Џумаја, Серска Џумаja; Ηράκλεια, Ираклија) (3 551 жител)
- село Долап (или Дулап; Σαρακατσαναίικο, Саракацанејко) (58 жители)
- Општински оддел Баракли
- село Баракли (или Бајракли; Βαλτερό, Валтеро) (1 335 жители)
- Општински оддел Елшани
- село Елшани (или Елшен; Καρπερή, Карпери) (1 099 жители)
- Општински оддел Ерниќој (1 659 жители)
- Општински оддел Кајали
- село Кајали (Λιθότοπος, Литотопос) (698 жители)
- Општински оддел Орманли (1 191 жител)
- Општински оддел Пурлида
- село Пурлида (или Порлида, Λιμνοχώρι, Лимнохори, од 1927 до 1955 г. Κογχύλια, Конхилија) (696 жители)
- Општински оддел Спатово
- село Спатово (Κοίμηση, Кимиси) (1 539 жители)
- Општински оддел Хазнатар
- село Хазнатар (Χρυσοχώραφα, Хрисохорафа) (1 347 жители)
На територијата на општинската единица се наоѓале и денес иселените села Али Паша, Бурсук, Бахтијар и Мантар.
Општинска единица Орљак[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Орљак (Δήμος Στρυμωνικού) има 4 775 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Орљак
- село Орљак (Στρυμώνικό, Стримонико) (1 645 жители)
- Општински оддел Драгош
- село Драгош (Ζευγολατειό, Зевголатио) (480 жители)
- Општински оддел Коприва
- село Коприва (Χείμαρρος, Химарос) (868 жители)
- Општински оддел Салтакли (512 жители)
- Општински оддел Секавец (721)
- село Секавец (или Саковча; Λιβαδοχώρι, Ливадохори) (560 жители)
- село Долно Караџово (Βαρικό) (161 жител)
- Општински оддел Турица
- село Турица (или Троица; Τριάδα, Тријада) (529 жители)
Општинска единица Просеник[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Просеник (Δήμος Σκοτούσσης) има 5 389 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Просеник
- село Просеник (Σκοτούσσα, Скотуса) (1 440 жители)
- Општински оддел Кула
- село Кула (Παλαιόκαστρο, Палеокастро) (723 жители)
- Општински оддел Кумли
- село Кумлија (или Кумли; Αμμουδιά, Амудија) (1 124 жители)
- Општински оддел Ќуприја
- село Ќуприја (или Ќупри; Γεφυρούδι, Гефируди) (729 жители)
- Општински оддел Мелникич
- село Мелникич (Μελενικίτσι, Меленикици) (759 жители)
- Општински оддел Топалово
- село Топалово (Νέα Τυρολόη, Неја Тиролои) (614 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|