Корделио-Арманќој
Општина Корделио-Арманќој Δήμος Κορδελιού - Ευόσμου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 50 192 (2001) |
Седиште: | Арманќој |
Нас. места: | 2 |
Пошт. бр.: | 552 |
Пов. бр.: | 2310-34 |
Портал: | evosmos.gr/ |
Корделио-Арманќој (грчки: Δήμος Κορδελιού - Ευόσμου, Димос Корделиу-Евосму) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа две предградија на градот Солун.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Корделио-Арманќој е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со обединување на две стари општини: Нов Арманќој-Корделио (Елевтерио-Корделио) и Арманќој (Евосмос).
Општинска единица Нов Арманќој-Корделио[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., тогашната општина Арманќој-Корделио (Δήμος Ελευθερίου-Κορδελιού) имала 21 630 жители.
Општината е создадена во 1982 г. со обединување на две солунски населби — Нов Арманќој (Нео Елевтерио, Нео Харманќој) и Ново Корделио (Нео Корделио).
Општинска единица Арманќој[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., тогашната општина Арманќој (Δήμος Ευόσμου) има 52 624 жители и опфаќа само едно населено место — солунската населба Арманќој (Εύοσμος, Евосмос), која порано била македонско село.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Портал на Општина Корделио-Арманќој Архивирано на 19 септември 2007 г.
|
|