Ениќој (општина)
Општина Ениќој Δήμος Αμφίπολης | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | Зихна |
Население: | 12 939 (2001) |
Седиште: | Радулево |
Нас. места: | 23 |
Пошт. бр.: | 620 41 |
Пов. бр.: | 23240-7 |
Портал: | amfipoli.gr/ |
Општина Ениќој (грчки: Δήμος Αμφίπολης, Димос Амфиполис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Радулево (Родоливос). Поголем дел од општината припаѓа на традиционалната историско-географска област Зихна.
Населени места[уреди | уреди извор]
Општината Ениќој е создадена на 1 јануари 2011 по законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари општини: Ениќој (Амфиполи), Кормишта (Кормиста), Ќупќој (Проти) и Радулево (Родоливос).
Општинска единица Ениќој[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Ениќој има население од 3 623 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
- Општински оддел Провишта (1950 жители)
- Општински оддел Ениќој (307 жители)
- село Ениќој (или Ени Ќој; Αμφίπολη, Амфиполи) (213 жители)
- село Ново Ениќој (Νέα Αμφίπολη, Неја Амфиполи) (94 жители)
- Општински оддел Локвица (465 жители)
- село Локвица (Μεσολακκιά, Месолакија) (29 жители)
- село Нова Локвица (Νέα Μεσολακκιά , Неја Месолакија) (436 жители) новосоздадено
- Општински оддел Ново Крушево (901 жител)
- село Ново Крушево (Νέα Κερδύλια, Неја Кердилија) (685 жители)
- село Новокрушевски Брег (Ακτή Νέων Κερδυλίων. Акти Неон Кердилион) (75 жители)
- село Лимани (Λιμάνι) (27 жители) новосоздадено
- село Лонкари (Λογκάρι) (22 жители) новосоздадено
- село Сиќа (Συκιά) (92 жители) новосоздадено
На територијата на општинската единица се наоѓале и поранешните села Горно Крушево (Ано Кердилија) и Долно Крушево (Като Кердилија) чие население е префрлено во новосоздаденото Ново Крушево.
Општинска единица Кормишта[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Кормишта (Δήμος Κορμίστας) се седиште во Нова Бафра има население од 3 034 жители. Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во историско-географската област Зихна во Источна Македонија:
- Општински оддел Нова Бафра
- село Нова Бафра (Νέα Μπάφρα, Неја Бафра) (1 004 жители) новосоздадено
- Општински оддел Баница (457 жители)
- село Баница (или Баништа; Συμβολή, Символи) (419 жители)
- село Горна Баница (Άνω Συμβολή, Ано Символи) (38 жители)
- Општински оддел Кормишта (991 жител)
- село Кормишта (Κορμίστα, Кормиста) (941 жител)
- манастир „Св. Богородица Кушничка“ (Μονή Εικοσιφοινίσσης) (50 жители)
- Општински оддел Череплен
- село Череплен (или Черепљан; Ηλιοκώμη, Илиокоми) (582 жители)
Општинска единица Ќупќој[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Ќупќој (Δήμος Πρώτης) со седиште во Ќупќој има население од 2 999 жители. Ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:
- Општински оддел Ќупќој
- село Ќупќој (Πρώτη, Проти) (1 855 жители)
- Општински оддел Анџишта
- село Анџишта (Αγγίστα, Ангиста) (341 жител)
- Општински оддел Витачишта
- село Витачишта (Κρηνίδα, Кринида) (568 жители)
Општинска единица Радулево[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2001 г., општината Радулево (Δήμος Ροδολίβους) со седиште во Радулево има население од 3 283 жители. Ги опфаќа следниве три села во областа Зихна:
- Општински оддел Радулево
- село Радулево (или Радолиово; Ροδολίβος, Родоливос) (2 552 жители)
- Општински оддел Волчишта
- село Волчишта (Δόμιρος, Домирос) (182 жители)
- Општински оддел Шемолтос
- село Шемолтос (или Шемалтос, Семалто; Μικρό Σούλι, Микро Сули) (550 жители)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-05. Посетено на 2010-07-05.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
|