Витачишта
Витачишта Κρηνίδα | |
---|---|
Координати: 40°59′N 23°59′E / 40.983° СГШ; 23.983° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Ениќој |
Општ. единица | Ќупќој |
Надм. вис. | 131 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 573 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Витачишта (грчки: Κρηνίδα, Кринида)[2] — село во Општина Ениќој во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 54 километри источно од градот Сер и на 12 километри јужно од Радулево.
Селото се наоѓа на надморска височина од 131 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Во отоманските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година е забележано дека Витачишта има 43 домаќинства[3].
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Демирхисарската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 299 семејства со 90 Турци и 700 Грци[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 100 Македонци, 175 Турци, 1100 Грци[5][6]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1650 Грци[7].
Грција
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Кринис[8].
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година во селото биле сместени 49 грчки семејства со 186 лица[9]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1296 лица, додека во 1940 година селото броело 1669 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1612 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1538 жители, во 1971 година имало 1105 жители, во 1981 година имало 1204 жители, додека во 1991 година имало 834 жители[10]. Денеска, населението на селото е 573 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1669 | 1612 | 1538 | 1105 | 1204 | 834 | 568 | 573 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Успение на пресв. Богородица“ од XIX век
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Στέρνα
- ↑ Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 182.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
|