Кушнички манастир
Кушнички манастир | |
---|---|
Пресвета Богородица Косиница | |
Μονή Εικοσιφοινίσσης | |
Поглед на манастирот | |
40°57′57.78″N 24°6′19.70″E / 40.9660500° СГШ; 24.1054722° ИГД | |
Место | Зихненско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 518 |
Управа | |
Епархија | Драмска |
Кушнички манастир „Пресв. Богородица Косиница“ (или Икосифиниса, грчки: Μονή Εικοσιφοινίσσης) — женски манастир во Зихненско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа во областа Зихна, на северните падини на планината Кушница. Сместен е меѓу селата Кормишта и Никишјан. До него се стасува по асфалтиран пат долг 6 км, расклон од патот за Кормишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека манастирот е основан во 518 г. од монахот Герман. Негов втор ктитор е вселенскиот патријарх Дионисиј I. Се претпоставува дека иконостасот во црквата е дело на истакнатиот мијачки мајстор Петре Филиповски - Гарката.[3]
Манастирската црква е живописана во периодот од 1858 до 1864 г. од коринтскиот зограф Матеос Јоану и неговиот помошник, монахот Ананиј.[4]
На крајот на XIX и почетокот на XX век манастирот бил еден од центрите на грчката пропаганда во Источна Македонија, активно придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци.[5]
За време на Втората светска војна бил окупиран од Бугарската армија и изгорел до темел, но црквата останала недопрена. Обновен е во 1960-тите. Разни скапоцени предмети од манастирот денес се изложени во Националниот историски музеј (НИМ) во Софија.
Според пописот од 2011 г. во манастирот живееле 24 лица.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Икона на Богородица Патеводителка од 1789 г. НИМ, Софија
-
Два кивора на цариградскиот патријарх св. Дионисиј, крај на XVIII век, НИМ, Софија
-
Сребрен кивор од XVIII век, НИМ, Софија
Литература
[уреди | уреди извор]- Μητροπολίτου Δράμας Διονύσιου Κ. Κυράτσου „Ιστορία και Θαύματα Παναγίας Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση της Ιεράς Μονής Εικοσιφοινίσσης, Δράμα 2003
- Δρ. Θεοχάρη Μ. Προβατάκη „Η Μονή Εικοσιφοίνισσας η Αχειροποίητος του Παγγαίου Όρους“, έκδοση της Ανώνυμης Τεχνικής Εταιρείας „Μηχανική“, Αθήνα 1998
- Βασίλη Άτσαλου „Η ονομασία της Ιεράς Μονής της Παναγίας της Αχειροποίητου του Παγγαίου, της επονομαζομένης της Κοσινίτσης ή Εικοσιφοινίσσης“, έκδοση του ιστορικού αρχείου του Δήμου Δράμας, Δράμα 1995
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ιερά Μονή Παναγίας Εικοσιφοίνισσας“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Η Εκκλησία της Ελλάδος“. Архивирано од изворникот на 2012-09-27. Посетено на 2022-06-11.
- ↑ Ќорнаков, Димитар (1997). „Петре Гарката“. Скопје: НИП Ѓурѓа. стр. 10–13. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 156. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29.
- ↑ „Кънчов, Васил. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско, Избрани произведения. Том I. Издателство "Наука и изкуство", София 1970, стр.92“. Архивирано од изворникот на 2016-03-27. Посетено на 2022-06-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кушнички манастир на Ризницата ?
- Богатствата на манастирот Икосифиниса /Косиница/ Архивирано на 27 мај 2012 г. (бугарски)