Дионисиј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дионисиј I
Цариградски патријарх
Црква Цариградска патријаршија
In office крајот на 1466 - крајот на 1471
јули 1488 - крајот на 1490
Претходник Симеон I [1]
Нифонт II
Наследник Симеон I
Максим IV
Лични податоци
Роден Димицана
Починал 1492
Драма
Претх. служба митрополит на Филипополис
Sainthood
Слава 23 ноември
Почитуван од Православна црква

Дионисиј I (грчки: Διονύσιος Α΄) бил Вселенски патријарх двапати, од 1466 до 1471 и од 1488 до 1490. Тој е почитуван како светец во православната црква и неговиот празник е на 23 ноември.[2]

Живот[уреди | уреди извор]

Дионисиј се родил во Димицана, во Пелопонез. Тој станал монарх и се зачленил во манастир во Константинопол каде бил ученик на Марко, архиепископот на Ефес, кој го ракоположил како свештеник.[2] За време на падот на Константинопол во 1453 тој бил заробен од Османлиите, но подоцна бил купен и ослободен во Адријанопол од страна на архонт познат како Кириц (веројатно Деметриј Апокук, еден од двајцата грчки советници на султанот Мехмед II).[3]

По неговото ослободување Дионисиј станал многу почитуван од Мара Бранковиќ, ќерката на српскиот деспот Џураџ Бошковиќ и една од жените на султанот Мурат II, таткото на Мехмед II. И покрај тоа што Мара останала доживотна христијанка, таа била доста влијателна со Мехмед.[4] Поддржуван од Мара, Дионисиј бил назначен за митрополит на Филипополис од страна на патријархот Генадиј Схолариј.[2]

Во тоа време борбата за патријаршискиот престол била меѓу две групи, едната предводена од мирјанските архонти како што е хартофилкасот Џорџ Галезиот и големиот еклезијарх Мануел Христоним (идниот патријарх Максим III), додека другата била составена од благородници од поранешната Трапезунтска империја кои биле приморани да се преселат во Цариград по падот на Трапезунт во рацете на Османлиите во 1461. Иселениците го поддржувале Марко II како патријарх, додека другата група го поддржувала Симеон I.[4]

Во 1466 Симеон бил успешен во отстранувањето на Марко II и наследувањето на престолот откако ја дарувал османлиската влада со 2000 златници. Првото владеење на Симеон траело краток период, бидејќи неговите Симонистички дејствувања ја изреволтирале Мара Бранковиќ која заминала во Константинопол да се пожали на Мехмед. Како одговор на нејзиното барање и нејзината донација од 2000 златници, султанот го симнал Симеон и го назначил за патријарх кандидатот на Мара, т.е. Дионисиј.[5] Ова наследување на патријасите е предложено од научници како што се Кимин, Ринкиман, Грумел и Геман Сардејски, додека Лорен и Подскалски тврдат дека всушност Марко, а не Симеон, бил тој кој го купил престолот првиот пат, сместувајќи го владеењето на Марко по она на Симеон.[4] Сепак постои спор за фактот дека Дионисиј, кој не бил замешан со било која од двете групи, станал патријарх како резултат на итервенцијата на Мара во негово име.

Датумот на прогласувањето на Дионисиј за патријарх е веројатно при крајот на 1466, бидејќи на 15 јануари 1467 тој потпишал акт со кој светиот синод ги лишил од било какво достоинство Џорџ Галезиот и Мануел Христоним.[6] Сепак овие двајца благородници наскоро ќе го повратат своето влијание и силно ќе му се спротистават на Дионисиј,[4] кој исто така бил спротиставен и од поддржувачите на Симеон.

Дионисиј владеел со заштита од Мара сè до крајот на 1471, кога неговите противници го наклеветиле дека се оддал на исламот за многу кратко време и дека бил обрежан. Синодот бил свикан од страна на неговите противници за да му суди. И покрај тоа што тој го покажал својот пенис за да докаже дека не бил обрежан,[2][3] тој бил отстранет и заменет со Симеон I.[5] Лорен алудира на втора кратка патријаршија на Марко II пред Симеон.[4]

По неговото депонирање во 1471, Дионисиј се преселил во манастир во Ејкосифиниза во Драма. Во јули 1488[1] тој бил избран за патријарх по вторпат поддржан од грчката јавност[5] и продолжил да владее останувајќи во неговиот манастир.[2] Тој бил отстранет од позицијата при крајот на 1490[1] бидејќи им досадил на атонските монаси.[5] Дионисиј починал во 1492.[1]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,45. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Dionysios I“. Ecumenical Patriarchate. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=en&id=167. конс. 2 август 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 Philippides, Marios (2011). The Siege and the Fall of Constantinople in 1453. Ashgate Pub Co. стр. 79–84. ISBN 978-1-4094-1064-5. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Vitalien, Laurent. Les premiers patriarches de Constantinople sous la domination turque (1454-1476). „Revue des études byzantines“ (26): 229-263(256-7). doi:10.3406/rebyz.1968.1407. (fr)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 193–4,200. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  6. Petit, L.. Déposition du Patriarche Mark Xylocarvi. „Revue de l'Orient Chrétien“ (8): 144–9. http://books.google.it/books?id=0fsLAAAAIAAJ. (fr)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]