Кушница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кушница
Παγγαίο
Поглед на Кушница од Рахче (Филипи)
Највисока точка
Врв Козница
Надм. височина 1.956 м
Географија
Кушница се наоѓа во Грција
Местоположба на Кушница во Грција
Земји Грција
Окрузи Кавала и Сер
Координати 40°55′00.84″ СГШ 24°04′58.08″ ИГД / 40.9169, 24.0828

Кушница или Кушиница (грчки: Παγγαίο, Пангео, по старо: Κουσίνιτζα, Кусиниѕа[1]) — планина во источниот дел на Егејска Македонија, од веднаш над помалиот град Правишта и на околу 12 км на исток од Кавала. Во антиката, планината се нарекувала Пангеј, од каде во поново време е преземено и денешното грчко име. На турски се Кушница се нарекувала Прнар Даг.

Географија[уреди | уреди извор]

Планините Кушница и Лути Рид меѓу Кавалскиот Залив на исток, Драмското Поле на север, Серското Поле на северозапад, Богданската Планина на запад и Струмскиот Залив на југозапад.
Поглед на Кушница
Врвот Пилаф Тепе (1.835 м)

Планината е сместена во источниот дел на Егејска Македонија и има издолжен облик во правец североисток-југозапад. По неа минува границата на општините Кушница (Пангео) во областа Источна Македонија и Тракија од југ и општината Ениќој (Амфиполи) во областа Централна Македонија од север. Највисок врв е Козница, (грч. Дионисос или Мати), висок 1.956 м[2], по кој следи Пилаф Тепе (1.870 м)[3]. Планината е долга од 10 до 15 и широка од 5 до 10 км. Составена е од мермер, кристалести шкрилци, песочник, чакал и многу малку гранит.[4]

На север реката Драматица (Ангитис) ја дели Кушница от планината Змијница (Меникио) и Серското Поле, а од југ реката Лаџа (Мармара или Ксиропотамос) ја дели од планината Лути Рид (Символо), која се наоѓа на беломорскиот брег.

Населени места и знаменитости[уреди | уреди извор]

На северното подножје на планината се сместени населените места Провишта (Палеокоми), Радолиово (Родоливос), Кормишта (Кормиста), Никишјан (Никсиани), а на северното пак, Правишта (Елевтеруполи), Муштени (Мустени) и Подгорјани (Подохори).

На Кушиница има два големи манастира. На северните падини се наоѓа Кушничкиот манастир „Св. Богородица Косиница“, чиј иконостас е изработен од дебарската тајфа на чело со Петре Филиповски. На источните падини кај остатоците на стариот дел на селото Дреново е сместен манастирот „Богородица Кушничка“.

Кушница вo историјата[уреди | уреди извор]

Во антиката Пангеј го споменува уште Херодот[5] како планина со златни и сребрени рудници на тракиските племиња Сатри, Пиери и Одоманти, како и во Есхиловото дело „Персијци“[6] и Еврипидовото дело „Рез“, каде се вели дека тракискиот цар Рез е владетел на „златниот Пангеј“ со безброј рудници.[7] Поради ова, Пангеј претставувал клучна стопанска област во древна Тракија и мошне посакуван од Тракијците, Македонците и Грците.[8] Французинот Пјер Белон го споменува постоењето на железни рудници на Кушница во 1553 г.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Η ιστορία του Παγγαίου
  2. Όρος Παγγαίο
  3. Η ιστορία του Παγγαίου
  4. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)", София, 1953, стр.15
  5. Inquiries by Herodotus Book
  6. Эсхил. „Персы“. 494.
  7. Еврипид. „Рес“. 254-387.
  8. „Кратка енциклопедия Тракийска древност“, „Аргес“, София, 1993
  9. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр. 21-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]