Рахче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рахче
Κρηνίδες
Рахче is located in Грција
Рахче
Рахче
Координати: 41°1′N 24°18′E / 41.017° СГШ; 24.300° ИГД / 41.017; 24.300Координати: 41°1′N 24°18′E / 41.017° СГШ; 24.300° ИГД / 41.017; 24.300
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000384000000384 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.365
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Рахче (грчки: Κρηνίδες, Кринидес[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 384 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 480 Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Кринидес[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 672 лица, додека во 1940 година селото броело 1281 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 3424 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3189 жители, во 1971 година имало 2039 жители, во 1981 година имало 2811 жители, додека во 1991 година имало 3005 жители[6]. Денеска, населението на селото е 3365 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1281 3424 3189 2039 2811 3005 / 3365
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]