Селјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Селјани
Φίλιπποι
Heros-from-Phillippi1.jpg
Селјани is located in Грција
Селјани
Селјани
Координати: 41°1′N 24°17′E / 41.017° СГШ; 24.283° ИГД / 41.017; 24.283Координати: 41°1′N 24°17′E / 41.017° СГШ; 24.283° ИГД / 41.017; 24.283
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно194
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Селјани (грчки: Φίλιπποι, Филипи[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 78 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Античка историја[уреди | уреди извор]

Крај денешното село се наоѓаат урнатините на античкиот град Филипи (Кринидес), основан од колонисти од Тасос и преоснован од Филип II Македонски, познат по битката кај Филипи во 42 п.н.е.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 800 Турци и 200 Грци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1926 година, селото било прекрстено во Месорема, но во 1932 година уште еднаш било променето во денешното име, Филипи[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1207 лица, додека во 1940 година селото броело 1445 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1668 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1353 жители, во 1971 година имало 732 жители, во 1981 година имало 728 жители, додека во 1991 година имало 778 жители[6]. Денеска, населението на селото е 894 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1445 1668 1353 732 728 778 / 894
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]