Наипли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Наипли
Πολύνερο
Наипли is located in Грција
Наипли
Наипли
Координати: 41°4′N 24°29′E / 41.067° СГШ; 24.483° ИГД / 41.067; 24.483Координати: 41°4′N 24°29′E / 41.067° СГШ; 24.483° ИГД / 41.067; 24.483
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно18
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Наипли (грчки: Πολύνερο, Полинеро[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 500 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 500 Турци[3].Според грчката статистика во 1913 година во селото живееле 551 лице.[4]

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Полинеро[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 41 грчки семејства со 160 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 160 лица, додека во 1940 година селото броело 223 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 161 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 133 жители, во 1971 година имало 37 жители, во 1981 година имало 24 жители, додека во 1991 година имало 45 жители[7]. Денеска, населението на селото е 18 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 223 161 133 37 24 45 28 18
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]