Чапранди Чифлик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чапранди Чифлик
Νέα Καρβάλη
Етнографски музеј
Етнографски музеј
Чапранди Чифлик се наоѓа во Грција
Чапранди Чифлик
Координати: 40°57′ СГШ 24°30′ ИГД / 
Земја Грција
Област Источна Македонија и Тракија
Округ Кавалски округ
Општина Кавала
Општ. единица Кавала
Надм. вис. 6 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 2.160
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Чапранди Чифлик (грчки: Νέα Καρβάλη, Неа Карвали[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 километри источно од градот Кавала на надморска височина од 6 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 60 цигани[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Неа Карвали[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година, бројот на населението бил 1090 лица, додека во 1940 година селото броело 1100 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 2160 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1100 1209 1200 1136 1660 1894 2244 2160
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]