Ќосе Елјаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќосе Елјаз
Χαλκερό
Ќосе Елјаз is located in Грција
Ќосе Елјаз
Ќосе Елјаз
Координати: 40°58′N 24°28′E / 40.967° СГШ; 24.467° ИГД / 40.967; 24.467Координати: 40°58′N 24°28′E / 40.967° СГШ; 24.467° ИГД / 40.967; 24.467
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно194
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ќосе Елјаз (грчки: Χαλκερό, Халкеро) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 9 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 115 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 360 Турци[2].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Халкеро[3].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 30 грчки семејства со 106 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 106 лица, додека во 1940 година селото броело 187 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 194 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 187 313 304 265 244 212 190 194
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]