Прејди на содржината

Зигош

Координати: 41°1′N 24°23′E / 41.017° СГШ; 24.383° ИГД / 41.017; 24.383
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зигош
Ζυγός
Зигош is located in Грција
Зигош
Зигош
Местоположба во областа
Зигош во рамките на Кавала (општина)
Зигош
Местоположба на Зигош во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°23′E / 41.017° СГШ; 24.383° ИГД / 41.017; 24.383
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2.057
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Зигош (грчки: Ζυγός) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 78 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1100 Турци[2].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 305 грчки семејства со 1518 лица[3]. Во 1928 година, бројот на населението бил 1518 лица, додека во 1940 година селото броело 2069 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2230 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1993 жители, во 1971 година имало 1462 жители, во 1981 година имало 1530 жители, додека во 1991 година имало 1419 жители[4]. Денеска, населението на селото е 2057 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2069 2230 1993 1462 1530 1419 2057
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 72.