Куруџу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куруџу
Κρυονέρι
Куруџу is located in Грција
Куруџу
Куруџу
Местоположба во областа
Куруџу is located in Кавала (општина)
Куруџу
Местоположба на Куруџу во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°22′E / 41.017° N; 24.367° E / 41.017; 24.367Координати: 41°1′N 24°22′E / 41.017° N; 24.367° E / 41.017; 24.367
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно619
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Куруџу (грчки: Κρυονέρι, Крионери[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 240 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 450 Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Крионери[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 144 грчки семејства со 685 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 685 лица, додека во 1940 година селото броело 1077 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 1111 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1014 жители, во 1971 година имало 581 жители, во 1981 година имало 560 жители, додека во 1991 година имало 521 жители[6]. Денеска, населението на селото е 619 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1077 1111 1014 581 560 521 619 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Δάτο
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.