Корита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корита
Κορυφές
Црква во селото
Црква во селото
Корита is located in Грција
Корита
Корита
Координати: 40°58′N 24°19′E / 40.967° СГШ; 24.317° ИГД / 40.967; 24.317Координати: 40°58′N 24°19′E / 40.967° СГШ; 24.317° ИГД / 40.967; 24.317
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно38
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Корита (грчки: Κορυφές, Корифес [2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 24 километри северно од градот Кавала на надморска височина од 760 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 540 македонски муслимани[3][4].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Корифес[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 64 грчки семејства со 249 лица[6]. Во 1928 година, бројот на населението бил 197 лица, додека во 1940 година селото броело 213 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 208 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 174 жители, во 1971 година имало 99 жители, во 1981 година имало 52 жители, додека во 1991 година имало 111 жители[7]. Денеска, населението на селото е 38 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 213 208 174 99 52 111 76 38
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија


Наводи[уреди | уреди извор]