Балушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Балушка
Πολύστυλο
Балушка is located in Грција
Балушка
Балушка
Местоположба во областа
Балушка is located in Кавала (општина)
Балушка
Местоположба на Балушка во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°59′N 24°19′E / 40.983° N; 24.317° E / 40.983; 24.317Координати: 40°59′N 24°19′E / 40.983° N; 24.317° E / 40.983; 24.317
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&1000000000000005200000052 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно420
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Балушка (грчки: Πολύστυλο, Полистило[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 52 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 45 цигани[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Полистило[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 49 грчки семејства со 213 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 213 лица, додека во 1940 година селото броело 324 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 471 жители, во 1971 година имало 408 жители, во 1981 година имало 480 жители, додека во 1991 година имало 449 жители[6]. Денеска, населението на селото е 420 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 324 446 471 408 480 449 400 420
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ναϊπλή -- Πολύστυλο
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 203.
  4. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  5. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  6. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 71.