Кизли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кизли
Κρανοχώρι
Кизли is located in Грција
Кизли
Кизли
Координати: 41°3′N 24°29′E / 41.050° СГШ; 24.483° ИГД / 41.050; 24.483Координати: 41°3′N 24°29′E / 41.050° СГШ; 24.483° ИГД / 41.050; 24.483
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000376000000376 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно7
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Кизли (грчки: Κρανοχώρι, Кранохори [2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 30 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 376 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 400 Турци[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Кранохори[4].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 55 грчки семејства со 203 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 133 лица, додека во 1940 година селото броело 149 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 89 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 82 жители, во 1971 година имало 22 жители, во 1981 година имало 9 жители, додека во 1991 година имало 29 жители[6]. Денеска, населението на селото е 7 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 149 89 82 22 9 29 15 7
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]