Прејди на содржината

Кавала (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Кавала
Δήμος Καβάλας

Карта на општина Кавала

Стариот дел на градот Кавала
Податоци
Област: Источна Македонија и Тракија
Округ: Кавала
Гео. област:
Население: 63.053 (2021)
Седиште: Кавала
Нас. места: 26
Пошт. бр.: 650 - 655
Пов. бр.: 2510
Портал: cityofkavala.gr

Кавала (грчки: Δήμος Καβάλας, Димос Кавалас, старо: Морунец) — општина во Кавалскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Кавала.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Општината Кавала е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на две стари општини: Кавала и Селјани (Филипи).

Општинска единица Кавала

[уреди | уреди извор]
Поранешната општина Кавала на картата на некогашниот округ Кавала.

Општинската единица Кавала ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Кавала
    • град Кавала (некогаш Морунец; Καβάλα)
    • село Агиос Силас (Άγιος Σύλλας) новосоздадено
    • село Аспри Амос (Άσπρη Άμμος) новосоздадено
    • село Стар Чифлик (Παλαιό Τσιφλίκι, Палео Цифлики)
    • село Санаториум (Σανατόριο, Санаторио) новосоздадено
  • Општински оддел Чапранди Чифлик
  • Општински оддел Ќосе Елјаз

Општинска единица Селјани

[уреди | уреди извор]
Историско-етнографски музеј на кападокиските Грци во Чапранас
Поранешната општина Селјани на картата на поранешниот округ Кавала.

Општинската единица Селјани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Рахче
    • село Рахче (или Рахча; Κρηνίδες, Кринидес)
  • Општински оддел Бадем Чифлик
  • Општински оддел Зигош
    • село Зигош (или Жигос; Ζυγός, Зигос)
    • село Нов Зигош (Νέο Ζυγός, Нео Зигос или Πρόσφυγες, Просфигес) новосоздадено
  • Општински оддел Корита
  • Општински оддел Куруџу
  • Општински оддел Сујучук
  • Општински оддел Маџар Чифлик
  • Општински оддел Стара Кавала
    • село Стара Кавала (или Ески Кавала; Παλαιά Καβάλα, Палеја Кавала)
  • Општински оддел Наипли
    • село Наипли (Πολύνερο, Полинеро)
    • село Кизли (Κρανοχώρι, Кранохори)
  • Општински оддел Балушка
  • Општински оддел Филипи
    • село Селјани (или Силјан; Φίλιπποι, Филипи)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]