Маџар Чифлик

Координати: 41°1′N 24°16′E / 41.017° СГШ; 24.267° ИГД / 41.017; 24.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Маџар Чифлик
Λυδία
Црква во селото
Црква во селото
Маџар Чифлик is located in Грција
Маџар Чифлик
Маџар Чифлик
Местоположба во областа
Маџар Чифлик во рамките на Кавала (општина)
Маџар Чифлик
Местоположба на Маџар Чифлик во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°16′E / 41.017° СГШ; 24.267° ИГД / 41.017; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000252000000252 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно808
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Маџар Чифлик или Идромили,[2] (грчки: Λυδία, Лидија) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 19 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 252 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Саришабанската каза во составот на Отоманското Царство.

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Лидија[3].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 72 грчки семејства со 260 лица[4]. Во 1928 година, бројот на населението бил 260 лица, додека во 1940 година селото броело 511 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 800 жители, во 1981 година имало 875 жители, додека во 1991 година имало 843 жители[5]. Денеска, населението на селото е 808 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 511 800 875 843 832 808
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Υδρόμυλοι -- Λυδία
  3. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 75.