Пиериски Планини
Изглед
| Пиериски Планини | |
|---|---|
| Πιέρια | |
Шума на падините на Пиериските Планини | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 2.193 м |
| Географија | |
| Место | Егејска Македонија (денес во Грција) |
| Матичен венец | природна граница меѓу Централна и Западна Егејска Македонија |
Пиериски Планини, Пиерија или Фламбуро (грчки: Πιέρια, Φλάμπουρο) — планински венец во јужниот дел на Егејска Македонија, на територијата на Берско, Катеринско и Кожанско (денешните окрузи Иматија, Пиерија и Кожани[1]). Највисока точка е врвот Бајрак (гр. Фламбуро) со 2.193 м. Има издолжен облик, образувајќи долг тесен гребен, во правец североисток-југозапад.
Географски и историски одлики
[уреди | уреди извор]Прекриена е со мешана листопадна и зимзелена шума и претставува една од најбогатите планини со растителност во денешна Грција, како и една од најпристапните.[1]
На подножјето на Пиериските Планини наоѓа познатото село Кутлеш и остатоците од древната македонска престолнина Ајга.
Рекреација
[уреди | уреди извор]На Пиериските Планини е сместен скијачкиот центар Скутерна (гр. Елатохори).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Πιέρια όρη - www.ritini.gr“. Архивирано од изворникот на 2014-01-12. Посетено на 2015-12-05.
| ||||||
