Мурик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Планината Мурик од патот од Кајлари.

Мурик (грчки: Μουρίκι, Мурики) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција. Сместена е на територијата на Кожанскиот округ и практично претставува северен ден на планинскиот масив Сињак. Истоимениот врв Мурик е висок 1.703 метри. Клисурскиот премин ја дели планината на север од Вич, а котлината на Влашка Блаца на југ од Сињак. Во северното подножје на Мурик се наоѓаат селата Клисура и Бобишча, во источното се Ланга и Емборе. Во јужното е Влашка Блаца, а во западното е Лошница.[1]

По планината е наречена и општинската единица Мурик во состав на Општина Еордеја, Кајларско.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]