Средец (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Средец
Καμήλα
Највисока точка
ВрвСредец
Надм. вис.569 м
Величина
Должина12 км
Географија
МестоКукушко и Солунско, Егејска Македонија

Средец, други имиња: Деве Каран турски: Deve Karan и Камила (грчки: Καμήλα) — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија[1]. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Средец со 569 м, сместен во јужниот дел на планината.

Населени места[уреди | уреди извор]

Околу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:

Историја[уреди | уреди извор]

Во османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“.

За време на Втората балканска војна, Средец служел како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913).

Во 1953 г. е изграден параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м.

Стопанска активност[уреди | уреди извор]

Во најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил (1970). Избрани произведения. Ι. София: Наука и изкуство. стр. 31.
  2. „Надзор врз каменоломот на планината Средец“. Одделение за физичка и околинска географија, Универзитет „Аристотел“ - Солун. Посетено на 25 јануари 2016. (грчки)