Црна Гора (Егејска Македонија)
| Црна Гора | |
|---|---|
| Највисока точка | |
| Врв | Црна Гора |
| Надм. вис. | 1.653 м |
| Географија | |
| Место | Серски и Драмски округ, Егејска Македонија |
| Земја | Грција |
Црна Гора (грчки: Μαύρο Βουνό, Мавро Вуно, турски: Karadag) — мала планина во североисточниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и недалеку од границата со Пиринска Македонија (денес во Бугарија). Претставува своевиден центар на историско-географската област Мрвачко. Највисокиот врв го носи истото име Црна Гора (Мавро Вуно) и висок е 1.653 метри. Вториот е висок 1.475 метри и се нарекува Железна Гора (Сидировуни). Планината е сместена на границата помеѓу Серско од запад и Драмско од исток. На север се поврзана со планината Славјанка (Алиботуш или Орвилос) преку седлото Бели Пресеки, а на југозапад со планината Шарлија (Врондус) преку Црвиловското Седло. На југ се наоѓа планината Сминица (или Серски Боздаг; гр. Меникио), сврзана во посредство на седлото Узунџа. Во западното подножје на Црна Гора се наоѓа Крушевската, во источното Елеската, а во јужното Горнобродската Котлина.
Стопанска важност
[уреди | уреди извор]За време на османлиското владеење, планината претставувала главен извор на железна руда (магнетитен песок) за железарската индустрија во Мрвачко. На падините на Црна Гора се сместени некогаш важните рударски и железарски села — Трлис, Старчишта, Долно Броди и Горно Броди.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.13-14.
| ||||||
