Саракина (планина во јужно Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Саракина
Σαρακήνα
Churilovo monastery-2.jpg
Чуриловскиот манастир
Највисока точка
Надм. вис.1.383 м
Координати40°26′59″ N; 21°22′38″ E / 40.4497° СГШ; 21.3772° ИГД / 40.4497; 21.3772Координати: 40°26′59″ N; 21°22′38″ E / 40.4497° СГШ; 21.3772° ИГД / 40.4497; 21.3772
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија

Саракина[1] или Габер[2] (грчки: Σαρακήνα, Γάβρος) — ниска планина во Костурско, Егејска Македонија.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во источниот дел на Костурско, над југоисточниот брег на Костурското Езеро и градот Костур. Се протега во правец север-југ, од селото Горенци на север до Богатско на југ.[3] На запад се граничи со долината на Ѓоле,[4] преку која е Рупишкото Поле на запад и планината Диминик на северозапад.[5] На североисток има седло кое по Голема (1.182 м) и Мала Саракина (1.240 м) и долината на река Порос (притока на Бистрица) ја одделува од планината Мурик.[3]

Име[уреди | уреди извор]

Планината како целина нема име во ниеден извор, туку се нарекува по некои од врвовите.[3] Георги Христов од Шкрапари целата планина ја нарекува Саракина по името врвот Саракина во нејзиниот источен дел.[6] Лев Адамов од Горенци ја нарекува Габер, по името на врвот на северозападниот крај, југозападно над Горенци.[2] На картата на австроунгарскиот генералштаб во планината се обележани врвовите Габер (Gaber) и Ежово (Ežovo). Никос Незис ја нарекува Корисос (Κορησός) по новото име на нејзиниот највисок врв, претходно наречен Ајдонакос (Αηδονάκος, 1383 м).[3]

Планината е гола и карпеста.[4] Карпите се доломитски варовници.[3] До врвот се стасува од Горенци (на 730 м) за околу 3 часа или од Чуриловскиот манастир (на 1.030 м) за околу 2 часа.[3]

Врвови[уреди | уреди извор]

Ова се врвовите на Саракина, подредени по висина:[3]

Име Грчки Висина
(м)
Местоположба
Ајдонакос Αηδονάκος, Κορησός 1.383 јужно над Горенци
Свети Илија Προφήτης Ηλίας, Βογατσικού Κορυφή, Βογατσικό 1.361 југоисточно над Богатско
Гуфа Γκούφα, Κούφια 1.282 источно над Костураџе
Цотра Τσότρα 1.260 југоисточно над Богатско
Мала Саракина Μικρή Σαρακίνα 1.240 јужно од Милија, северозападно над Лошница
Милија Μηλιά 1.235 јужно од Голема Саракина и северно од Мала Саракина
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.220 источно над Костураџе
Пренија Πρενιά 1.210 североисточно над Костураџе
Саракина Σαρακίνα, Μεγάλη Σαρακίνα 1.182 источно од Ајдонакос, јужно над Чуриловскиот манастир
Пиргос Πύργος 1.170 југозападно над Богатско
Чука Τσούκα, Κορυφή 1.166 западно над Лошница
Скала Σκάλα 1.133 северно над Костураџе
Ставрос Σταυρός 1.068 источно над Слимништа
Габер Γάβρος 1.060 - 900 југозападно над Горенци
Ѕорѕуло Τζόρτζουλο, Παλιόκαστρο 1.045 североисточно над Ново Костураџе и югозападно от Костураџе
Микро Вуно Μικρό Βουνό 804 источно над Слимништа

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 9, 10, 22. ISBN 954-90993-1-8.
  2. 2,0 2,1 Адамов, Лев (2014). История на с. Горенци, Костурско (Македония) (PDF). София: Издава Библиотека Струмски. стр. 1. ISBN 978-619-7212-06-8.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 411. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. 4,0 4,1 Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 22. ISBN 954-90993-1-8.
  5. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 18. ISBN 954-90993-1-8.
  6. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 9. ISBN 954-90993-1-8.