Нова Костараџа

Координати: 40°26.9′N 21°19.51′E / 40.4483° СГШ; 21.32517° ИГД / 40.4483; 21.32517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нова Костараџа
Νέο Κωσταράζι
Поглед на Нова Костараџа
Поглед на Нова Костараџа
Нова Костараџа is located in Грција
Нова Костараџа
Нова Костараџа
Местоположба во областа
Нова Костараџа во рамките на Рупишта (општина)
Нова Костараџа
Местоположба на Нова Костараџа во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°26.9′N 21°19.51′E / 40.4483° СГШ; 21.32517° ИГД / 40.4483; 21.32517
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Надм. вис.&10000000000000720000000720 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно742
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нова Костараџа (грчки: Νέο Κωσταράζι, Нео Костарази) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 20 км јужно од градот Костур и на 5 км северно од с. Богатско. Лежи на левиот брег на реката Ѓоле, во западното подножје на планината Саракина. На 4 км на запад горе на Саракина се наоѓаат урнатините на старото село Костараџа, од кое останала само црквата „Рождество на пресв. Богородица“.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) старото село Костараџа тешко настрадало и неговите жители се расеале по градските центри и рамничарските села. Подоцна ова население е преместено во Нова Костараџа доста пониско.[2]

Во 1997 г. влегло во состав на општината Јон Драгумис, која на 1 јануари 2011 г. е припоена кон општината Рупишта согласно законот „Каликратис“.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото произведува жито, тутун и грав. На пространите пасишта има доста добиток.[2] Атарот зафаќа површина од 2202 хектари.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 941 1128 927 955 949 874 742
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 34. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. Ν. 3852/10 (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010, Посетено на 5 јули 2010