Шкрапари

Координати: 40°25.33′N 21°14.6′E / 40.42217° СГШ; 21.2433° ИГД / 40.42217; 21.2433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шкрапари
Ασπρονέρι
Шкрапари is located in Грција
Шкрапари
Шкрапари
Местоположба во областа
Шкрапари во рамките на Рупишта (општина)
Шкрапари
Местоположба на Шкрапари во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°25.33′N 21°14.6′E / 40.42217° СГШ; 21.2433° ИГД / 40.42217; 21.2433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000730000000730 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно17
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Икона на св. Димитриј и св. Ѓорѓи од Шкрапари, XIX век.

Шкрапари или Шкрапар (грчки: Ασπρονέρι, Аспронери; до 1928 г. Σκράπαρι, Скрапари[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Црквата во селото „Св. Илија“ е изградена во 1836 г. и живописана од Аргир Михајлов.[3] На крајот од XIX век Шкрапари било мал македонски чифлик во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Шкрапари имало 90 жители Македонци.[4][5]

На почетокот на XX век целото население на Шкрапари било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот на 1904 г. тоа прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Шкрепар (Chkrepar) имало 50 Македонци, сите под егзархијата.[4][7]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Шкрапари (Σκραπάρι) во 1910 г. имало 10 македонојазични семејства.[8]

Според Георги Константинов Бистрицки, чифликот Шкрапар пред Балканските војни имал 8 макдонски куќи,[4][9] а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка.[10]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Шкрапари имало 6 куќи, од кои 3 на Македонци и 3 на погрчени Македонци или погрчени Власи.[11] Според сеќавањето на мештаните, дојденците биле од подрачјето на Грамошта, особено селото Дреново.[12]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано до грчка војска и во 1913 г. влегло во составот на Грција. Таа година населението броело 46 жители. Во 1920 г. во Шкрапари попишани се 48 лица.[13]

Во 1928 г. селото е преименувано во Аспронери. Таа година е забележано со 114 жители поради доселување на неколку семејства од околните села.[13]

За време на Граѓанската војна селото силно настрадало и населението се преполовило.[13] 26 деца од Шкрапари се изнесени преку границата како деца-бегалци.[14]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 114 57 77 51 49 46 23 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

  • Георги Христов (1876- 1964) — македонски револуционер и роднокраен истражувач

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/10442/171314. Занемарен непознатиот параметар |access-ate= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. Γεώργιος, Αλεξίου Τ. „Ο ναός του προφήτη Ηλία (1836) στο Ασπρονέρι Άργους Ορεστικού. Ο άριστος αγιογράφος Αργύρης Μιχάλη από το χωριό Τσούκα Νεστορίου. περίπου (1790-1850)“. Посетено на 10 јануари 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  6. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 125.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  8. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 135. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  9. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  10. Марков, Георги Христов (2002). Хрупищко (PDF). Хасково: Държавен архив - Хасково, Интерфейс. стр. 199. ISBN 954-90993-1-8.
  11. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  12. „ΙΣΤΟΡΙΚΑ ΣΤΟΙΧΕΙΑ“. ΑΣΠΡΟΝΕΡΙ Καστοριάς. Посетено на 6 февруари 2024.
  13. 13,0 13,1 13,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 49. ISBN 9989-9819-6-5.
  14. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Asproneri[мртва врска].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]